1017 hPa
82 %
16 °C
Скопје - Нед, 09.11.2025 13:59
Првично дизајнирана од астурискиот архитект Мануел дел Бусто во 1912 година, црквата Санта Барбара во Ланера, Астурија, била напуштена со години и веќе била во фаза на распаѓање. Група претприемачи предводени од колективот наречен „Црковна бригада“, решаваат да ја спасат оваа црква, а воедно и да и дадат нов лик. Преку собирање средства онлајн и со помош од Ред Бул, црквата е спасена и претворена во јавен скејт парк, наречен храм Каос.
Уметникот Окуда Сан Мигел добил задача да ги покрие ѕидовите и засводените тавани со својот уникатен бренд, карактеристичен по шарените геометриски фигури. Скоро секоја рамна внатрешна површина е покриена со боите на виножитото, осветлена од секоја страна со високи прозорци, што го прави ова место навистина уникатно.
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
.jpg)
Извор: Colossal