Најстарата печатена книга во боја

26.12.22 10:40

Најраниот пример за разнобојно печатење сега е достапен за очите на јавноста, дигитално, преку страницата на Дигиталната библиотека на Универзитетот во Кембриџ. Книгата која датира од 17 век, всушност е Прирачник за калиграфија и сликарство (Ши жу жаи шу хуа пу), и е толку кревка што претходно беше забрането да се отвора, а нејзината содржина беше целосна мистерија пред неодамнешното започнување на процесот на нејзината дигитализација.

Книгата е создадена во 1633 година од Тен Бамбу Студио и е најраниот познат пример на полихромна ксилографија, измислен од Ху Женгјан. За техниката, позната и како дубан, се користеле неколку блокови за печатење со различни мастила кои се нанесувале последователно за да се постигне изглед на рачно насликан акварел. Веб-страницата на Кембриџ објаснува дека иако вештината потребна за да се постигнат такви дубан принтови е восхитувачка, градациите на бојата во книгата се она на што се должи нејзината репутација на „можеби најубавиот сет на принтови некогаш направен“.

Прирачникот содржи осум категории во кои се прикажани птици, огради, орхидеи, бамбуси, овошје, камења, цртежи со мастило и разно. Сите овие делови од прирачникот се содржани во оригиналот и споени преку „поврзување со пеперутка,“ кое научниците го идентификуваат како "најдобар пример на вакво врзување на книга".

Покрај Прирачникот за калиграфија и сликарство, библиотеката, исто така, дигитализирала и други селекции од нејзините кинески збирки, вклучувајќи ги Коските на пророштвото (најстарите достапни примери на кинеско пишување во светот), будистички текст кој датира од периодот помеѓу 1127 и 1175 година и Банкнота од 14 век што им се заканува на фалсификаторите со обезглавување.

Извор: Colossal

Слични содржини

Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Графички Дизајн / Уметност / Око
Уметност / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност / Око
Графички Дизајн / Уметност / Око
Свет / Технологија / Уметност / Око
Мода / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото