Жени пионерки на графичкиот дизајн

06.12.23 11:37

Ново издадената книга насловена „Жени пионерки на графичкиот дизајн” (Trailblazing Women Printmakers), на авторката Елена М. Сарни ја слави креативната група од Масачусетс, која изработувала графики од четириесетитте до седумдесетите години. Овие жени дизајнерки користеле шаблонски дизајн преку кој успевале да го изразат својот автентичен стил.

На прв поглед, делата на ткаенините изработени со блок печатење, на колективот Folly Cove, може да ве асоцираат на британскиот текстилен дизајнер, Вилијам Морис, но доколку подобро и одблиску се разгледаат, се забележува дека станува збор за многу помодерни слики.

Вирџинија Ли Бартон Деметриос: Фински хоп (фотографија на Гери Лоуел)

Во шаблонските дизајни можат да се видат сцени извлечени директно од животите на уметниците, правејќи ги делата безвременски, како прозорец со уникатен поглед во една фасцинантна ера и позиција на општеството.

Аино Кларк: Ера на џезот (фотографија на Питер Морс)

Елена М. Сарни, авторката на првата сеопфатна книга за колективот, вели дека работата на групата „пренесува лични и регионални наративи преку привлечниот и инспиративен јазик на патернот“.

Луиз Кенион: Глава на заливот (фотографија на Питер Морс)

Дизајнери на грасрут колективот биле само жени и главно немале претходна уметничка обука, освен нивната лидерка Вирџинија Ли Бартон Деметриос. Вирџинија како тинејџерка студирала графика, под раководителство на графичарот Роберт Хествуд, учела во Калифорниското училиште за ликовни уметности и била објавувана како авторка и илустраторка пред да го основа Folly Cove Designers во 1941 година.


Еино Нати: Полифем (фотографија на Гери Лоуел)

Таа имала идеја да создаде група која на жените би им пружила уметничка обука, креативна независност и заедница. Ги канела своите пријателки и соседки да се придружат и им помагала да научат техники за кои Сарни вели дека „им помогнале дури и на уметничките почетнички да постигнат неверојатни дизајни“. Тој процес вклучувал охрабрување да го „цртаат она што го знаат“ и да ги скицират своите теми одново и одново, сè додека навистина не „ги направат свои”.

Вирџинија Ли Бартон Деметриос: Робин Худ (фотографија нѐ Гери Ловел)

„Вирџинија уште од самиот почеток јасно ставила до знаење дека не мора да бидеш уметник за да се приклучиш на групата ”, објаснува авторката. „Едноставно требало да бидеш подготвен да работиш. Некои дизајнерки со уметничка позадина ја опишувале Вирџинија како најдобрата учителка што некогаш ја имале, а една од нив ја опишала како жена со ретка способност да разбуди и истакне нешто што лежело заспано кај луѓето, што го таа го сметала за „посебен дар ”.

Ли Нати: Селската продавница на Стариот Старбриџ (фотографија нѐ Гери Лоуел)

Елена Сарни вели дека преку своето истражување открила дека голем дел од жените во колективот биле образовани, професионални и вработени мајки во време кога податоците и истражувањата покажуваат дека повеќето жени трошеле педесет часа неделно на домашна работа.

Ли Нати: Селската продавница на Стариот Старбриџ (фотографија на Гери Лоуел)

„Како и другите жени, тие секоја вечер ја поставувале трпезата за своите семејства, само што тоа го правеле носејќи престилки што тие лично ги дизајнирале, врежале во линолеумски коцки, ги испечатиле и сами ги сошиле. Жените од колективот Folly Cove Designers сами ги креирале сопствените улоги во светот, нешто со што денешните жени графичарки можат да се поврзат ”.

Мери Малецкос: Покана во штала (фотографија нѐ Питер Морс)

Како поборничка на личната експресија како начин за апсолутна креативност, Вирџинија ги охрабрувала своите колешки дизајнерки на Folly Cove да цртаат мотиви од реалниот живот и од она што го знаеле во својата околина. Некои цртежи „може да се гледаат како натуралистски водич за музејот Кејп Ен”, коментира Елена, бидејќи голем дел од дизајните ја прикажуваат локалната флора и фауна, додека други, како што е Атомското доба од Аино Кларк, се редок актуелен дизајн.

Мери Малецкос: Покана за изложба во штала (фотографија на Питер Морс)

„Генерално, иако изложувале со други графичари и дизајнери на текстил на занаетчиски изложби, тие биле, како што една дизајнерка на Folly Cove ја опишала заедницата „нешто за нас самите“. Нивната индивидуалност била дел од нивната привлечност и таква и ќе остане”.

Елена М. Сарни: Жени пионерки во графичкиот дизајн: корица на книгата

Од 1941 до 1969 година, колективот произвел над 300 дизајни, што го прави еден од најдолговечните уметнички колективи во Америка. Во тоа време, тие добиле меѓународна слава преку комерцијални договори со американски трговци на мало и написи во списанија како што е Life, но на крајот решиле да се разидат, да функционираат надвор од графичката заедница.

Елена Сарни се надева дека преку книгата, која вклучува многу повторно откриени и досега невидени принтови на Folly Cove, може да помогне „да се собере сосема нова публика љубители на патерни и на неверојатните принтови на овој необичен и автентичен колектив“.

Групен портрет на дизајнерките на Folly Cove (подарена од музејот Кејп Ен)

Извор: https://www.itsnicethat.com/

Слични содржини

Графички Дизајн / Книжевност / Уметност / Око
Графички Дизајн / Уметност / Око
Графички Дизајн / Свет / Уметност / Око
Графички Дизајн / Книжевност / Уметност
Графички Дизајн / Уметност / Око
Графички Дизајн / Око

ОкоБоли главаВицФото