Боли глава

Фина мерка за штедење се отказни решенија за илјадници паразити вработени по партиска линија

Една од мерките за штедење е да се принтаат само неопходни документи. Говори на премиери, претседатели и слично се опходни или неопходни документи? Еден тон од ракав истресени соопштенија и функционерски лаги се опходни или неопходни документи? 10 страници текст со бирократска стилизација за неплатен данок од 2 денари е опходен или неопходен документ?

Фина мерка за штедење се отказни решенија за илјадници паразити вработени по партиска линија што никогаш не се појавиле на работа, кратење на непотребни функционерски привилегии и така натаму и така натаму, а не варење јајце на евтина струја или туширање со тенок млаз вода.

Владимир Лукаш, Фејсбук, 17.08.22.

нема
17.08 2022
Напуштените кучиња сѐ повеќе ги загрозуваат дивите предели

Од чувано куче, за кое некој се грижел, тоа одеднаш е оставено само во природа. Постојано е под стрес бидејќи се наоѓа во непозната средина. Може да загине, да се разболи или да го нападнат други животни.

Тие се парат со волците и прават хибридизација. Може да предизвика промена на изгледот и на морфологијата на волкот, а со тоа и да го загрози видот.

Неколку причини се посочуваат како клучни за зголемувањето на популацијата на кучиња во природните средини, и сите се поврзани со луѓето. Домашните миленици треба да бидат чипирани, за службите за заловување да може да го најдат сопственикот чие животно се загубило или кој намерно се ослободил од него на јавен простор. Но, такви служби нема доволно.

Диме Меловски, истражувач на рисовите и на други големи диви цицачи; ПРИЗМА, 10.08.22.

нема
13.08 2022
Со вадење пиштоли на маса се изнудуваат најблагоугодни привилегии

Со вадење пиштоли на маса, со разни видови закани за одмазда, се изнудуваат најблагоугодни привилегии – чиниш ја живееме добата на најбруталната и најпримитивната првобитна акумулација од историјата на човештвото. Нашиот Левијатан е сосема издишан. Веќе не се знае што е фукција на највисоката држава, што на локалната власт, што е јавен домен, што приватен.

Судовите сé помалку се место на раздавање на правото и правдата. Се претворија во кванташки пазар, каде сѐ зависи од случај до случај, од понудената откупнина за злоделото, каде со пари и позиција може да се добие сѐ, освен да се стигне до правдата. Монополот на примена на сила сѐ повеќе се истргнува од рацете на државата, се пренесува или узурпира од разни поединци и групи од другата страна на законот.

Петар Гошев, Дојче веле, 10.09.22.

нема
10.08 2022
Јасна е паниката да се пополнат дупки

Ова за прекаријатните хонорарци не ми е баш најјасно.
Ако се уплаќаат придонеси, дали хонорарецот ќе има пристап, и ќе може да го остварува правото на пензиско и здравствено осигурување?

Како? Кога? Во која мера?

Што ако хонорарецот е пензионер?

Што ако има само една хонорарна исплата во годината?

Што ако има 10 хонорарни исплати во месецот од 10 различни нарачатели? Кои, рецимо, би надминале 6000 евра. Годишна плата. Има лимити за пензиско и здравствено. Ако во еден месец хонорарецот, или за него, има уплати колку што редовно вработен, или за него, има за цела година, дали хонорарецот ќе остварува право за целата година, или само за месецот во кој му се уплатени придонесите?

Јасна е паниката да се пополнат дупки, и намерата да се злоупотребат инструментите на репресија, ама немојте. Ќе згрешите.

За права станува збор.

Ќе ви дојде улицата у салите за состаноци, у кабинетите.

Лазар Попов, Фејсбук, 09.08.22.

нема
09.08 2022
Да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката

Слободно нека творат. Но, да се твори во духот кон тоа што ќе ги расположи народот и публиката. Не нешто што повторно ќе го врати народот назад, кон едни мрачни времиња каде што навистина не видовме ништо добро.

Бисера Костадиновска-Стојчевска, Министерка за култура; VOA, 04.08.22.

нема
05.08 2022
Не честитам Илинден на народ кој се храни од национализам

Не честитам Илинден на народ кој се храни од национализам, кому не му пречат корупција и крадење, кој ја загадува секојдневно земјата што ја величи и божем ја сака, кој полни концерти на Цеци анд ко., кој слави мртви повеќе одошто цени и сака живи луѓе. Ништо од ова нема врска со патриотизам. Спротивно, сето значи лични его, фрустрации, неукост и лековерност спакувани во македонска мелодраматичност од која ми е смачено. На сите други, честит празник!

Герман Филков, Фејсбук, 02.08.22.

нема
03.08 2022
Црешово топче сладолед

Црешово топче сладолед

и

честит Илинден Македонци!

Трајко Џиков, 02.08.22.

нема
02.08 2022
МАНУ лета без навигација

МАНУ троши огромни пари за симболични резултати. Таа не само што ја храни државата со празна лажичка, туку живее со евтин популизам. Нејзиниот статус треба да се смени. Во развиените земји такви структури веќе се демоде. Обично постојат институции кои нудат можности со проекти, па никој не добива никаков паушал, туку заслужени пари од реализирани проекти. Да добиете над 1000 евра во оваа криза, плус пензија или плата, плус хонорари, е ептен претерано. Затоа сериозно треба да се види како се работи низ нормалниот свет. Вака „во име на науката до џебот на граѓаните“. Таа институција се испостави дека претпочита колонизаторски статус кон народот. И сега нашите академици земаат многу повисоки паушали од хрватските академици, а просечната плата таму е над 1000 евра. Но, вашата академија продолжува да лета без навигациски систем!

Мерсел Биљали, Плус инфо, 31.07.22.

нема
01.08 2022
Нашата зима и нашата стратегија за греење

Не е решение само да се набави скапа струја со земени скапи кредити.

Не е решение ни да се опустоши сиот дрвен фонд во земјата и да настанат дополнителни климатски штети кои нема да можат да се надокнадат со децении.

Стратегија е нешто сосем поразлично.

За почеток можеби треба, сите што можат, да работат од дома.

Тоа ќе ја намали потрошувачката за греење и ќе помогне неопходната потрошувачка во училишта, болници и производни капацитети да не биде доведена во прашање.

Верувам постојат уште многу начини како да се намали потрошувачката на греење и струја, но некој треба да ги мисли работите, а не само тендерите.

Софија Куновска, Фејсбук, 22.07.22.

нема
29.07 2022
За каква „заедничка историја“ зборува Лавров и за каква „заедничка религија“?

Русија ја нема ослободено Македонија од отоманскиот јарем (како што ја има „ослободено“ – и окупирано – Бугарија). Русија ја нема создадено македонската држава (како Кнежеството Бугарија). Руски трупи немаат учествувано ни во ослободување на Македонија од фашизмот (делумно учествуваат бугарски трупи, согласно договорот од Крајова помеѓу Тито и Терпешев). Македонија никогаш не била дел ни од Советскиот „лагер“, како што беше Бугарија. За каква „заедничка религија“ зборува Лавров, кога Руската православна црква со децении не ни помислуваше да ја признае МПЦ?

Жарко Трајаноски, Слободна Македонија, 23.07.22.

27.07 2022
Глупав и криминален план на Данела Арсовска

За потсетување: Данела Арсовска одби да го потпише изборот на 20 пожарникари и конкурсот пропадна. Одбива и да го преземе работењето на скопска топлификација. Греењето и пожарникарството и се законски надлежности (обврски).

Сега, наводно за да заштеди некое евро, ќе формира агенција за обезбедување со цел вработување на партиски бодигарди (високи, стројни мажи), и тоа доживотно, за да имаат чувари зградите на градот.

Поглупо криминален план за создавање на мускул на сметка на цел град - не сум слушнал, ни видел.

Никола Наумоски, Фејсбук, 21.07.22.

нема
25.07 2022
Антикорупциска молитва

О боже, дај ѝ на владата сила да одолее на внатрешни и надворешни притисоци за корупција на ист начин како што одолеа на сите критики и јавно мислење против францускиот предлог. Обедини ги политичарите со иста решителност да прередуваат дупови, маркички и стекнати права за да се удостои и бетонира чист јавен интерес. Со иста сила да кажат не на концесии за деца на партиски другари и да ги задржат билатералното натигодајмение надвор од рамката на владение. Нека застанат на патот на договори во четири очи како оној со бехтел енка или оние за итни набавки на елем. Нека има сила да не потпишува партиски назначувања на оние на јавна служба. Дај им глас и храброст на ботовите онлајн, онака како што ловеа вештерки сега, да им се чуе гласчето во борба против корупција отсега.

Миша Поповиќ, Фејсбук, 18.07.22.

нема
20.07 2022
Бугаризација

Mинатиот век бевме два пати под бугарска власт, вклучувајќи ги тука севкупниот политички, административен, културен и образовен живот, па не се „бугаризиравме“.

Ѕвездан Георгиевски, Призма, 18.07.22.

нема
18.07 2022
Робеспјер од Али Експрес и неговата Али Експрес „Левица“ - извадиле Али Експрес гилотина

Нашиот Робеспјер од Али Експрес и неговата Али Експрес „Левица“ - извадиле Али Експрес гилотина пред македонското Собрание.

Не знам дали припадниците на оваа линч толпа ја допрочитале историјата и дали дознале дека токму тие што владееле со гилотина - самите завршиле на гилотина.

Во меѓувреме, како и секогаш кога Али Експрес Робеспјерчето од Велес е во „акција“, голем дел од критичката јавност - молчи. Дали од неверување, или во знак на одобрување - сеедно. Молчат и институциите.

А можеби сите катарзично чекаат - да им дојде редот. Историјата е полна со примери што им се случувало на тие што молчеле и чекале да им дојде редот.

Така е тоа. Историјата се повторува. Најчесто како фарса. А во македонскиот случај, како урнебесна трагикомедија - од Али Експрес.

Петрит Сарачини, Фејсбук, 15.07.22.

нема
15.07 2022

Препорачуваме

Зошто ми е забранет влезот во Германија

„Ние, Европејците, со децении сме учесници во бавниот геноцид над Палестинците.“

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

ОкоБоли главаВицФото