Боли глава

Уништувачки ДУП за Карпош

Уште еден ДУП објавен од Општина Карпош сред јулските одмори, со рок за давање коментари од 5 работни дена.

Коментарите можат да се остават од 11ти до 17ти јули, секој работен ден од 7:30 до 15:30 часот во просториите на општината, за време на топлотен бран.

А предлог ДУПот е најнехуманото решение возможно за овој кварт. Од делот на Тафталиџе во кој во моментов има многу дрвја - ќе настане блок со огромни згради и мртов плочник.

Никаков прогрес, само нагрдување на општината и влошување на животот на сите жители.

(И, секако, полнење на џебовите на шака луѓе.)

https://www.facebook.com/NezavisniZaKarpos/posts/290811300003226

 

нема
14.07 16:58
Мицкоски за судскиот процес за СК 014

Ако имало дело тоа ќе било решено пред 7, 8, 9 години. И второ, продолжува на тој начин да се негира македонскиот идентитет зашто така се фрла сенка на идентитетските обележја, односно тие споменици кои имаат за цел да прикажат историски континуитет на битката на македонскиот народ за своја држава и битката за својот сопствен идентитет.

Христијан Мицкоски, VoA, 03.07.23.

нема
10.07 12:48
За руското влијание

Дека ќе има налепено и такви елементи, има, има руско влијание и во највисокото раководство на Синодот, тие тоа го знаат. Во највисокото раководство на Синодот, не мислам на поглаварот. Јас знам и тоа сум им го кажувал на највисоките црковни великодостојници. Се базирам на извештаите на органите кои се бават со таа работа. Не само на Агенцијата за разузнавање, членка сме на НАТО, од 30 други земји членки, од 30 други служби добивам информации бидејќи сме дел од тој заеднички систем за споделување информации од разузнавачки и безбедносен карактер. Ние немаме таква сила од тука во Скопје да знаеме што се случува во Кремљ, меѓутоа во тоа партнерство ни помагаат доста и имаме доволно информации што се случува, не само со МПЦ.

И во бизнис заедницата на високи позиции има луѓе кои одработуваат за Русија додека си го тераат својот бизнис, во политички партии има луѓе кои се врзани со руските служби, и тоа не од сега.

Стево Пендаровски, ТВ 24, 30.06.23.

нема
05.07 17:20
Не, мантиите не се со кројка на мантили. Тоа се фустани.

Установата што никогаш немала жена за шеф, Архиепископка, се дрзнува да зборува против родова еднаквост?!

Во истата установа мажите шетаат во фустани! Не, мантиите не се со кројка на мантили. Тоа се фустани.

Лицемерславие? Перверзославие?

Да сме го продолжеле минатото од нашите предци, вели шефот, чие име не му е роденото, не му е она од личната карта, туку е буквално со сменет ИДЕНТИТЕТ!

Важи, се согласувам да биде како во минатото, предците ни се од Југославија, кога црквата беше најназадното, најсрамотното место да бидеш виден.

Си го бараше!

Емилија Целакоска, Фејсбук, 26.06.23.

нема
03.07 10:14
На МПЦ им пречи тоа што постоиме, што сме живи, што дишеме, што градиме заедница

Па, ако ниту жените, ниту децата се загрозени, тогаш логично е да се прашаме зошто МПЦ протестира. Одговор, за жал, нема, но можам да го претпоставам. На МПЦ им пречи тоа што постоиме. Пречи тоа што сме живи, тоа што дишеме, тоа што градиме заедница, градиме семејства и градиме пријателства што се потпираат на љубов, поддршка и на прифаќање.

Затоа што одбираме да веруваме, но не и да коленичиме пред институциите, па макар и верски. Затоа што одбираме да го менуваме светот, а не да го одржуваме оној во кој тие имаат моќ, простор и привилегии.

Ирена Цветковиќ, Призма, 27.06.23.

28.06 10:21
Црквата векови прогон и убивања претрпела од цареви земни силни и режими. И не замолчувала. И денес не замолчува.

И така. Демократијата ете за сѐ имала решение.
Маргинализиран си. Отвораш невладина и добиваш право на црквата да и одредуваш место на маргините на општеството. Ти имаш право на мислење и слобода а верникот нема.
Без гајле, знаеме ние кај ни е местото. Знаеме дека нашата власт не е извршна и дека ако науми државата да донесе некој закон ќе најде начин тоа да го стори. И треба ли да премолчиме, да не кажеме наше мислење?
А знаат ли тие на другата страна дека никој не им дал такво право да ни забрануваат да кажеме свој став?
Црквата векови прогон и убивања претрпела од цареви земни силни и режими. И не замолчувала. И денес не замолчува.
Ќе одолее и на притисокот на неколку невладини и владини невладини организации. Ќе го изнесе својот став и тоа преку љубов, не со омраза.
Се гледаме во четврток.

Отец Пимен, Фејсбук, 25.06.23.

нема
27.06 11:54
Во ВМРО ДПМНЕ се најголемите платеници на бугарските служби

Во 2014 година во време на владата на ВМРО ДПМНЕ, премиерот Никола Груевски со пари од македонскиот буџет, Министерството за култура на Република Македонија, објавува едиција PRO MAKEDONIJA во која во најмалку 70 книги пишува дека населението во Македонија е бугарско.Автори се војводи, комити, Илинденци и странски автори.

Паралелно со тоа Архивот на Македонија во време на ВМРО ДПМНЕ, додека е директор Зоран Тодоровски, објавува уште најмали 50 книги каде исто пишува дека населението во Македонија е бугарско.

Со овие документи, за жал, испаѓа дека во ВМРО ДПМНЕ се најголемите платеници на бугарските служби.

Љубчо Георгиевски, Фејсбук, 22.06.23.

нема
26.06 09:56
ВМРО не претставува никого

Никој не може да ме убеди дека непризнавањето на бугарско малцинство во земјава за сметка на полно ЕУ членство е цена што вреди да се плати и дека обичниот граѓанин се согласува со тоа.

ВМРО не претставува никого. Левица претставува млади кои оваа позиција ја гледаат како анти-империјалистичка; и во ЕУ има евроскептична радикална Левица. Затоа нив ги оставам на страна, барем некого автентично претставуваат. Мицковски не го претставува просечниот човек. Не ми ги цитирајте манипулативно изведените – а некои и апла фејк – анкети.

Конечно, секому и со IQ под 90 му е јасно дека признавањето на бугарско малцинство значи разлика од македонското мнозинство. Ова противење не е мотивирано од патриотизам туку заднински олигархиски интереси.

Катерина Колозова, Фејсбук, 14.06.23.

нема
23.06 18:39
Е нема посмешна вест од таа дека Судскиот совет ќе одел во струшкиот суд

Е нема посмешна вест од таа дека Судскиот совет ќе одел во струшкиот суд да видел дали Мерко влијаел врз судот. Ха, ха, зини да ти кажам.

Колку години се знае дека во еден ден судот ја деблокира сметката на општината, за да купат коли, и потоа пак ја блокира?!

Герман Филков, Фејсбук, 21.06.23.

нема
22.06 09:21
Проекцијата на иднина е привилегија на богатите хетеронормативни луѓе

Трн: За 10 години од сега каде се гледате, кои предизвици ви стојат?

Славчо Димитров: Проекцијата на иднина за 10 години е привилегија на богатите хетеронормативни луѓе, којашто не можам да си ја дозволам.

Славчо Димитров, trn.mk, 12.06.23.

нема
16.06 20:34
Да му дадеме шанса на некој друг

Да му дадеме шанса на некој друг, можеби професионалец исто така, кој можеби има шанси да биде подобар, нормално апроксимативно, можеби има шанса да биде и полош од Јовев.

Арбен Таравари, СДК, 14.06.23.

нема
14.06 11:04
Кој ќе го спроведува ветингот?!

Судски совет „се распадна” кога на дневен ред дојде да се дискутира за одговорност за апелациски судија кој развлекуваше постапка против политички моќник. Очигледен е партискиот отпечаток во работата на судскиот совет.

Ако партиите имаат значително влијание врз судството, како ветинг којшто тие ќе го пропишат може да го реши проблемот со судството?!

Напротив, оној што има дадено предлог закон за ветинг има намера да воспостави уште поголема контрола врз судството. Просто ко пасуљ.

Миша Поповиќ, Фејсбук, 06.06.23.

нема
07.06 15:46
На секое раководно место мора да биде поставен поглуп од министерот

На секое раководно место мора да биде поставен поглуп, понеспособен и понепрофесионален кадар од министерот. Ова станува сè потешка задача зашто за министри доаѓаат најглупите, најнеспособните и најнепрофесионалните кадри кои може да се ископаат од тињата во државата.

Недостатокот ќе биде надоместен со кадри кои доаѓаат од свежо отворените факултети за штанцање дипломи.

Мирјана Најчевска, Фејсбук, 05.06.23.

нема
05.06 20:04
Адам од Говрлево

Нивото на цивилизациски развој на 95% од народов е = Адам од Говрлево.

Искра Спарк, Фејсбук, 01.06.23.

нема
02.06 19:12

Препорачуваме

Дали крајот вака мириса?

Колумнава е објавена пред 13 месеци.

Нова стратегија

Пет песни: Нова стратегија, Премијера, Царство, Елегија и Прашање на влијание. Графики: Frans Masereel.

Каде е вистинската кампања?

Зошто новинарите ги нема речиси на ниеден митинг да известуваат што навистина се случува?

На оние кои легнале на брашно (пет песни)

Фашизмот е тема на петте книжулиња во третиот том на едицијата ОК.NO.

ОкоБоли главаВицФото