1023 hPa
100 %
7 °C
Скопје - Чет, 05.12.2024 22:59
Издавачката куќа и книжарница „Илика” организира книжевен кружок на кој ќе се отвори разговор за нивното најново издание „Девојчински спомени” од Ани Ерно. Средбата на кружокот ќе се одржи на 30 март во 17 часот.
„Ова е првиот превод на македонски јазик на француската писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература Ани Ерно. Романот претставува уште едно навраќање на авторката кон лавиринтите на своето минато, овојпат педесет години наназад, во летото 1958 г., кога имала само осумнаесет години. Во центарот на оваа книга се наоѓа еден трауматичен настан, чие значење авторката се обидува да го открие многу години подоцна. Но, за да ја сфати таа девојка, која на некој начин е поврзана со сегашната Ани Ерно (онаа што пишува), потребно е многу повеќе од личните сеќавања и зачуваните дневници и писма – потребна е историјата”, стои во најавата на „Илика” за книгата за која ќе се говори.
Заинтересираните кои сакаат да присуствуваат на средбата треба да испратат кратка порака на мејлот на „Илика” (ilika.publishing.shop@gmail.com) или на нивните Инстаграм и Фејсбук профили.