Кој ќе ми го донесе гласот

10.04.2024 10:21

Сред Балкан со отворени порти
Чекам
Една година
Еден век
Една пепелава година
Една испустена година
Една глува година
Јас чекам
Вековна чекачка
Годината не се поместува
Заглавена е меѓу сказалките
Зла самовила во зол час
Јас чекам
Никаде гулаби писмоносци
Поштарите убиени од чума
Гледам од отворени порти
Врз тревата пепел
Врз лисјата пепел
Кој ќе ми го донесе гласот

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото