Бистра вода

04.03.2024 19:52

Mилица Стојанова во ,,Диво месо“

Капка по капка
од челото на Сизиф
стенка угоре
да си го најде изворот

Во изворот
без растојание од денес до денес
блика вистината
од бакнеж до бакнеж.
Ода на радоста,

Прудолу
со очи ширум отворени
ги препознаваше патоказите на злото
и ги заобиколуваше
мочуриштата на животот.

 

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото