Трејлерот за филмот со Дилан Дог

11.03.11 11:26

Иако во кината ќе се најде дури кон крајот на април, филмот за славниот стрип јунак Дилан Дог веќе ги налути обожавателите.

Имено, „Dylan Dog: Dead of Night“ е американски филм кој настанал според стрипот на Тицијано Склави, но во него американските продуценти промениле многу нешта.

Како прво, помошник на Дилан повеќе не е Гручо Маркс туку некојси Маркус, а приказната не се случува во Лондон туку во Њу Орлеанс. Исто така, од трејлерот кој деновиве се појави на интернет се гледа дека Дилан, кој го глуми американскиот глумец Брендон Рут, повеќе ја сака акцијата отколку во стрипот.

Поради сево ова обожавателите веќе беснеат на форумите и велат дека ова не е вистинскиот Дилан. Дали навистина е така ќе се увериме кога филмот ќе се појави во кино-салите.

Your browser is not able to display this multimedia content.

"nekoi raboti treba da

"nekoi raboti treba da ostanat na strip"...mislam deka e sovrsen tagline za filmot

Поради немање дозвола за

Поради немање дозвола за објавување на ликот и името на Гручо Маркс во САД, американските репринти на Дилан Дог, па и овој најнов филм, не смеат да го користат. Кој го читал Дилан Дог, сигурно се сеќава на приказната Танц со Смртта (Totentanz) поместена во првиот Гигант (издаден и на македонски јазик). Тоа е една преубава меланхолична приказна, толку типична за Дилан Дог. Мислам дека продуцентите, авторите и издавачката куќа Бонели требале да се задржат (да ја одберат) таа приказна, и поради тоа што тука Гручо Маркс низ целата приказна сонува и не е активно присутен низ содржината (и би можел да се замени или да се видоизмени приказната каде тој се појавува). Ваквата акција (прикажана во трејлерот) не е својствена за овој јунак. Мислам дека не треба да се прават филмови по секоја цена, особено не ваков холивудски спектакл.

ОкоБоли главаВицФото