Suede ‘сè уште млади’

19.09.2011 13:22
Суед ‘сè уште млади’

Британскиот поп/рок бенд Суед (Suede), многу актуелни во 1990-те, по неколкугодишна пауза се реоформија и во периодот на 2010/11 одржаа повеќе концерти во Европа и во Азија. Последниот нивен концерт од ова реоформување се одржа во Атина на 11 септември во салата на Ентертеинмент стејџ која се наоѓа на Иера Одос, на чија што улица во последните неколку години се отворија повеќе музичко-културни простори.

Во преполната сала од самиот почеток до самиот крај преовладуваше еуфорична атмосфера. Публиката претежно во своите 30-ти и 40-ти годiни уживаше при слушањето на мелодичните поп/рок песни на Суед. Музичката подлога реализирана од Мат Осмон, Симон Гилберт, Ричард Оукс и Нејл Кодлинг одлично го надополнуваше лидерот на бендот Брет Андерсон.

Уште од моментот на неговото појавување на сцена Андерсон оствари непосреден контакт со публиката, и движејќи се на сите страни на сцената обрнуваше внимание на сите присутни, се поздравуваше и се движеше меѓу самата публика. Со искрени емоции харизматичниот Андерсон направи да не почувствуваме како помина времето на концертот.

Ги слушавме нашите омилени хитови од 1990-те како: Drowners, Trash, Filmstar, We are the Pigs, Everything will flow, So young, The Wild ones, Beautiful Ones, Saturday night.

По турнејата на Суед, Андерсон продолжува со соло турнеја низ Европа.

ОкоБоли главаВицФото