Подземен облакодер, или земјодер

04.10.2011 15:58
Подземен облакодер, или земјодер

Мексиканското архитектонско студио BNKR Arquitectura се појави со еден смел концепт за подземна 35-катница, или „земјодер“, и тоа сместена точно во центарот на Мексико Сити.

Зградата има облик на превртена пирамида, и ќе продира 35 ката во срцето на мексиканската престолнина. Се работи за амбициозен архитектонски проект за т.н. ефикасно живеење во просторот.

Според планот, „земјодерот“ ќе биде сместен на главниот плоштад во Мексико Сити, познат како Зокало, кој е еден од најголемите плоштади во светот. Тој е ограден од католичка катедрала, Националната палата и зградите на државната администрација. Во центарот на самиот плоштад се извишува јарбол на кој се вее мексиканското знаме со џиновски димензии (оттаму е инспирирана и нашата влада во поставувањето македонски знамиња низ државава). Затоа оваа местоположба се смета за идеална за „земјодер“, или, поточно, за превртен облакодер кој ќе продира длабоко под градот.

Дизајнот вклучува пирамидален облик со централна шуплина за да им се овозможи на сите простори за живеење да имаат дневна светлина и проветрување. За да се задржат сите настани кои се случуваат на плоштадот Зокало (концерти, политички собири, настани под отворено небо, културни збиднувања, воени паради...), масивната дупка ќе биде прекриена со дебело стакло кое ќе овозможи животот во „земјодерот“ да се вклопи со секојдневните случувања на неговиот врв.

Се чини дека, сепак, станува збор за премногу смела и можеби неизводлива замисла. Но којзнае?

Извор: archdaily.com

јако. ако решат пар лудаци

јако. ако решат пар лудаци може да го направат.

Слични содржини

Јавни простори / Технологија
Јавни простори / Технологија
Јавни простори / Технологија
Јавни простори
Активизам / Јавни простори
Јавни простори / Технологија

ОкоБоли главаВицФото