Потопениот мост

17.11.2011 15:33
Потопен мост

Во текот на 17-от век неколку канали и тврдини биле изградени во холандскиот регион Западен Брабант за да се овозможи заштита од нападите од страна на Франција и Шпанија.

Тврдината Де Ровере (Fort de Roovere) била опколена од канал со вода и кал, кој бил предлабок за да се премине пеш, а преплиток за да се преплови со чамец. Неодамна тврдината беше повторно отворена за посетители, а наместо да изградат мост преку каналот, кој би ја уништил прекасната глетка кон ова утврдување, локалните власти решија да изградат т.н. потопен мост.

Овој вид мост е речиси невидлив за голо око од далечина. Текот на водата во каналот изгледа како да е непрекинат, додека нивото на самата вода е исто од обете страни на мостот. Како што посетителите се приближуваат до тврдината, така мостот се појавува од водената површина. Со преминување преку овој мост се создава илузија дека пешакот гази по водата без да потоне.

Дизајнот на мостот е дело на архитектонското студио RO & AD Architects, а беше награден со престижната награда за архитектура на Холандија – BNA, за градба на 2011 година.

Извор: amusingplanet.com

Слични содржини

Јавни простори / Технологија
Јавни простори / Европа
Јавни простори
Јавни простори
Јавни простори / Технологија
Јавни простори / Технологија

ОкоБоли главаВицФото