Кожата во која сум

21.11.2011 15:55
Кожата во која сум

Некако ни се чини дека кариерите на Педро Алмодовар и Антонио Бандерас се поврзани со папочна врвка, но вистината е дека „Кожата во која сум“ (La piel que habito) е нивната прва соработка по дваесет години – уште од филмот „Врзи ме“ од 1990 г. Оттогаш па до денес обајцата изградија големи кариери: Педро им остана верен на своите авторски корени, станувајќи еден од најценетите и најоригинални арт филмаџии, додека Бандерас оствари завидна холивудска кариера и се стекна со углед на светска ѕвезда како ретко кој европски глумец. Нивниот нов заеднички филм е прилично нетипичен и за обајцата: славниот шпански глумец глуми пореметен научник, психопатски опседнат пластичен хирург кој својот заробеник преку низа операции го претвора во совршена жена, додека славниот шпански филмаџија со овој наслов за првпат навлегува во поп жанровските води, во кои претходно немаше запливано.

Со овој филм се затвори овогодинешниот Фестивал на европскиот филм CINEDAYS, кој се одржа во неколку кино-сали во Скопје, а се најави и негово редовно прикажување, заедно со уште неколку други најгледани филмски наслови од фестивалот, во скопските кина. Интервјуто со Бандерас е преземено од хрватскиот весник Jutarnji list, а со него се разговараше во Кан, каде што филмот ја доживеа својата светска премиера.

Може да се каже дека со Алмодовар започна вашата кариера кога пред 25 години ви ја додели улогата во филмот „Matador“...

Да... а како да беше вчера. Но, кога добро се забавувате, лета времето! Денес имам педесет години, и на самиот ми звучи чудно кога ќе го кажам тоа. Во меѓувреме Педро и јас ги остваривме своите професионални соништа, што е фантастично! Што е интересно, некој ми рече дека ликот на научникот во новиот филм е продолжение на ликот кој го глумев во „Врзи ме!“, дека е истиот тој лик, но во друго опкружување и ситуација... Не се согласувам, но во ред, секој има свое толкување. Рики беше ранлив, тој е жртвата, додека Роберт (лудиот хирург) е нешто поинакво, човек кој има апсолутна контрола и план.

Дали ликот на пластичниот хирург е нетипичен за вас?

Многумина ми кажаа, а тоа најчесто го слушам од Американците, дека ова е филм за одмаздата. Не се согласувам ни со ова, ниту сметам дека приказната е за одмазда. За мене ликот на хирургот не е пореметен одмаздник. Точно е дека неговиот ум е замрачен и дека го изгубил чувството за тоа што е добро а што лошо, и дека неговата душа е мрачна, но тој има добра причина за тоа: ја изгубил сопругата на трагичен начин и неговиот разум доживува пресврт. Тој станува полуден научник која својата болка ја насочува кон науката, но на погрешен начин, и поради тоа станува пресметливо чудовиште.

Дали свесно баравте такво отстапување од останатите ваши улоги?

Мислите на психопатски манијак и научнички гениј кој е опседнат со морбиден експеримент? Не, не барав, но почувствував потреба да им се вратам на своите корени, да глумам на својот јазик, да глумам во својата земја и повторно да работам со Алмодовар. И морам да кажам дека одлично се чувствував додека го снимавме филмов, целото искуство беше како чаша со свежа вода. Ми требаше тоа!

Ги следите ли бурните политички и општествени случувања во Грција, Италија, во вашата родна Шпанија?

Секако, кој не ги следи? Луѓето се бесни, лути, се чувствуваат измамени. Кризата не се случи сама од себе; денес сè е во ред, а од утре сме во рецесија! Но сега се бунат милиони луѓе, а не некои интересни групи. Сега се бунат сите бидејќи сите сме во исти гомна. Луѓето сфатија дека владите кои тие ги бираат не решаваат за ништо, дека вистинската моќ е во рацете на банките и моќните корпорации, дека капиталот стана средство за поробување. На сите им се полни устите со зборовите „слобода, човекови права, демократија“, а факт е дека живеевме во лаги и измами кои сега не можат да се решат со нови закони или декрети.

Верувате ли во иднината на ЕУ?

Можеби вистинското прашање е каква ќе биде ЕУ во иднина? Погледнете што се случува сега во Грција и Италија, утре можеби во Португалија и Шпанија. Мислам дека ЕУ ќе се одржи, но во друг облик. Мислам дека ќе се случи нов поредок кој сите заедно грдно ќе го платиме... мислам дека мора да дојде до голем крах за сите да тргнеме отпочеток. Мислам дека пирамидата мора да се урне за да почне новата изградба.

Но во таа пирамида не се сите на иста позиција – некој како вас, на пример, се наоѓа на врвот. Дали сепак е полесно да се зборува за тоа од позиција на врвот?

Ха-ха-ха! Мислите? Се солидализирам со сите без оглед на класата. И јас сум бесен и лут, зашто ако сè отиде по ѓаволите, ни мене нема да ми биде добро. Знаете, јас не се родив богат, немав скршен денар додека студирав и бев млад глумец во Шпанија. Живеев од ден за ден, како и сите други, а потоа ми се случи Холивуд, што беше голема среќа, па, така што, добро знам како е кога се немаат пари.

Како ја гледате иднината?

Пластичната хирургија одамна стана дел од нашето секојдневие. Јас имам пријатели и познајници кои немаат врска со Холивуд и чии ќерки се малолетни, а веќе ги зголемиле градите. Тоа не е нормално! Холивуд е многу суров кон своите глумици; тоа е индустрија на убавината и привлечните лица, поради што жените во Холивуд се под огромен притисок бидејќи мораат да бидат убави и млади, во спротивно – нема кариера! Желбата да се изгледа помладо и поубаво е човечка, но кога ја присилувате природата, последиците се и физички и психички лоши. Но, верувајте ми, ќе биде уште полошо одошто сега!

На што точно мислите?

Си играме господ. Мојот лик во потрагата по совршеноста станува егоманијакален фашист и на некој начин станува бог, а за 20 или повеќе години тоа би можело да стане и наша реалност. Сè што видовте во филмот ќе биде можно: ќе си го бираме лицето, телото, полот, ќе живееме сто години. Се разбира, тоа ќе го можат богатите, а сиромашните и понатаму ќе умираат. Но што ќе се случи еден ден кога сите ќе можат да си дозволат долговечен живот и младолик изглед? Земјата ќе биде преполна, ќе бидеме премногу луѓе, и нема да има доволно храна и природни суровини – што ќе правиме тогаш? Човештвото ќе доживее криза? Ќе ни се случи војна за преживување?

Извор: jutarnji.hr

„Живеам“ е поверно на

„Живеам“ е поверно на оригиналот од „сум“. Имено, и во шпанскиот има еквивалент на „да СИ во нечија кожа“ со глаголот „estar“ (сум). Но, насловот не е „La piel en la que ESTOY“, туку „La piel que HABITO“ - „habitar“ - живее.

Ние само го пренесуваме

Ние само го пренесуваме насловот под кој овој филм беше прикажан на Синедејс.

слаби не чисти политички

слаби не чисти политички ставови, како и не прецизни, и други актери со слава играат вртелешка, и приказните од тип, каде ќе бидат фрлени, се прашање на случајност, од него не зависи све тоа. парите се слатки, но, од морален агол, прашањето би било зошто ја прифатил улогата. последниот пасус во кој кажува што ќе се случува по 20 години е глуп и смешен, према тоа, заклучокот од тоа што го кажува, би бил: тапа; што, кажано за шпанец од светски калибар e срам и мизерија.

Леле бе бандера, правописот

Леле бе бандера, правописот ти е ужасен. Апсолутна катастрофа.

бандера ко бандера, стои

бандера ко бандера, стои простум чека мајтап будали да поминат да и биде интересно. доаѓаат така, блаже конески, гане тодоровски и петре м. андреевски. бандерата се смее ко нездрава, тврдo исправена.

застануваат така ко рамностран триаголник јазичните мудреци и почнуваат муабет.

едначење по звучност ми делува некако одрто, вика гане, не сум се чуфстфуфал така порано.

петре слуша, ја чеша козјата брада и го прашува блаже тука:

блаже, лебати, зошто човеку и ти пушти брада?

феноменот блаже пушти козја кратка брада. се галка и тој по брада:

разделување и спојување гане, тоа делуваше мачо, сега треба да работиме на спојување на зборови и зборовни групи, и тука се вмешува петре:

козји бради бре, не го заборавајте главното, златно правило, почеток на реченица со голема буква.

козјациве почнуваат тука да мукааат:

меееееее, гане тоа.
меeeee мееее, блаже така мука.

бандерата не разбира што зборуваат.

ако мукаме за книжевност, тогаш таму сме недопирливи, рече гане.

неранливи, рече петре.

невидливи, рече блаже.

а блаже бе, тоа правилото за сврзникот и, тоа беа две правила, нели? едното во кое нема запирки, и другото, тоа беше тешко, само ти го знаеш, ај прераскажи како беше?

блаже се пипа за брада, се пипка така и одговара:

вие двајца одрти стари козаци сте заборавиле кој ја води книжевноста кај нас. а?

овие мукаат тука, меееее, меееее..

кој ги одредува главните книжевни правци и сето тоа, кој ги промовира првенците на книжевноста, и така натаму и така наваму. тоа се луѓе кои сметаат дека се писатели, кои се видливи во јавноста и во салоните.

меееее, гане.
меееее, петре.
меееее, блаже и поентира, тоа никогаш не се правите писатели. правите писатели си играат џамлии и фризби. и така до крај.

тука летна едно фризби преку главата на петре, а гане се затрча да го фати, а блаже со мисли полета и ги зезна и двајцата, го фати фризбито и го префрли преку бандерата.

а бандерата, ќути, слуша, пофторно стои исправено и тврдо. пробува да се помести и и успефа. како да сака да го дофати фризбито, се преметнува во воздух како вратило, лета по фризбито, но писателите трчаат побрзо од ветрот и си го подаваат тркалото на играта. и така натака и така навака, книжевноста владее.

неранливи, рече

неранливи, рече петре.

невидливи, рече блаже.

после ти два реда да се стави следното...

.........................................

нешто ко богови, рекоа заедно гане и петре.

блаже кима со глава: даааа, богови!

.........................................

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото