„Новите!“ 2011: Четирите најдобри ракописи

19.12.2011 11:43
Новите 2011! - Четирите најдобри ракописи

Годинава жирито на наградата „Новите!“ како кандидати кои влегуваат во потесниот круг за најдобар дебитантски ракопис ги издвои следниве четири автори: Олгица Станковска, Петар Андоновски, Хигсов Бозон и Тина Иванова. Денес објавуваме извадоци од нивните ракописи. Добитникот на наградата ќе биде прогласен на 26 декември.

Олгица Станковска, Пишанки, или раскази на вересија

Насреде

Мојот стан се наоѓа на средина на зградата. Во добри односи сум со соседите, но не можам да излезам гола на тераса.

Револуција

Гладни, потиснати, болни... Молат за парче леб. Се влечат по улиците на мојот град како цревата во мојот стомак.

Уметност со умисла

Под стаклото на масичката во мојата соба наредив исечоци од весници. Содржат песни, куси раскази и неколку слики. Така гостите за време на посетата, пиејќи кафе, сок или алкохол, конзумираат и малку уметност. Сакале тие или не...

Оро

Се чувствувам како буквата р во зборот оро, секогаш кога треба да се фатам на орото. Те притискаат нечии очи, чекаат да станеш и меѓу нив да заиграш. Целата азбука ми се руши на глава додека бројам чекори.

Ик!ање

Понекогаш кога читам книгата почнува да подрипнува. Многу кратко, по 2-3 пати во минута. Знам дека во тие моменти некој лик, некаде го споменуваат. Чекам некое време, да се смири, па продолжувам.

Мачор

Истуркани книги од полиците, откачена завеса, искинати листови, влакна на тепихот, превртена чинија, истурена чаша, скршена вазна... Влегувам и седнувам. Доаѓа, се плетка во моите нозе, се истегнува, ми рипнува в скут, се исправува на задните нозе, ме гали по лицето, боцка со брковите, почнува да преде... “И јас имав бурен ден“, му велам. Потоа дремеме.

Станица

Многу се нервирам кога треба да бројам станици пред да се симнам. Колку и да изгледа едноставно, јас цело време мислам дека некоја станица ќе ја прескокне шоферот или ќе застане случајно, да се качи некој залутан, како мене. Во тие мигови посакувам да промашам, малку, само за да можам некому со право да му се развикам.

Ѓавол

Ми влезе една жена дома, чудна, сомнителна. Ја пуштив зашто ми бараше вода и велеше дека не ѝ е добро. Колку и да сум сомничава, во вакви мигови попуштам. Се созеде и почна да ми раскажува за себе. Не ме интересираше, сакав што поскоро да си оди и таа ја забележа мојата напнатост. Сакаше да ја искористи и да ме изигра. Ми побара пари за да ме избави од сите магии кои ми се направени. Тогаш ја избркав. На излегување се сврте, подзамижа со очите, повторуваше нешто на јазик за мене непознат, а пред да ја затворам вратата ми се развика: “Ти си ѓавооол!“ Сигурно многу добро знае како изгледа ѓаволот штом во мене го препозна, си мислев додека заклучував.

Постојка

Стојам на автобуски постојки. Онака, да си постојам. Во тие моменти со сигурност знам каде сум.

Шалтер

Стојам со главата под гилотината. Ја гледам и мислам во секој миг ќе се откачи и ќе ми пресуди. Се собрале мршојадциве да го видат моето погубување, види колку ги има, ненаситни. Еве го и џелатот, седнат пред мене. Ме погледнува и вели: “Кажи, што треба?“ Подголтнувам и си мислам: “Почнува...“

Петар Андоновски, Очи со боја на чевли (роман)

Слично како во лов на степски витрушки или друг редок вид птици, Ема, педесет годишна професорка по книжевност, следи мажи со убави чевли. Скриена зад купот книги во некоја од читалните, каде што обично ги минува своите попладниња, Ема седи во заседа и го чека пленот на денот. Кога ќе наиде мажот, таа тргнува по него и почнува да го следи. Па, така често можете да ја видите како со мажите чека ред во банка, влегува во продавница за мебел каде мажите избираат спални со нивните сопруги, оди во фирмите кај што работат.

Додека оди по мажите Ема наликува на птица, на голема црна птица која во секој миг може да ги проголта. Нејзиниот долг нос, со благо заоблена коска наликува на клун. Нејзината фризура која никогаш не ги исполнуваше критериумите на „модерна фризура“, сега додека јуреше зад мажите, обидувајќи се да го фати нивниот чекор (Ема од секогаш имала проблеми со брзото одење), ѝ беше разлетана, па Ема оставаше впечаток на грабливка која долго време се обидува да улови плен.

Ема никогаш не им приоѓа на мажите, секогаш оди на неколку метри зад нив и ги следи сè додека не почувствува заситеност и тргне по друг маж. Изгледот на мажот воопшто не е важен. Важно е тој да има убави и добро исчистени чевли. Особен фетиш ѝ се црните чевли. Мажите кои носат црни чевли најчесто се авторитети и на таквите мажи секогаш можете да се потпрете. За разлика од нив, мажите кои носат чевли во боја нејчесто се несериозни и на таквите мажи никогаш не треба да сметате. Но, мажите што носат црни чевли се премногу сериозни и со нив никогаш не треба да се шегувате. Мажите кои носат чевли во боја се ведри, секогаш насмеани и секогаш отворени за дружење. Мажите кои носат чизми се агресивни и во себе имаат борбен дух. Ваквите мажи на Ема ѝ создаваат чувство на неугодност и затоа ги избегнува.

Ема имаше напишано цела студија за чевлите и карактерот на човекот. Неколку пати дури ракописот го имаше понудено на неколку издавачи, но никој не ја сфати сериозно, па ракописот никогаш не го виде светлото на денот.

2.

Него прв пат Ема го виде на денот на погребот на нејзината мајка, додека безнадежно се обидуваше со поглед да убие една мува која се беше залепила како фекалија за белите плочки во капелата, притоа нарушувајќи ја белината која толку многу ја смируваше. Во мигот кога Ема помисли дека најпосле мувата ќе одлета, пред неа поминаа женски чевли кои ја згазнаа и ја залепија за плочките. Веднаш зад женските стоеја црни, од кожа, не многу модерни машки чевли. Обични, со низок ѓон, напред благо заоблени, но внимателно исчистени машки чевли стоеја пред очите на Ема.
Силен грч ѝ го стегна стомакот, ладни капки пот ја оросија, целото тело ѝ беше згрчено. Наеднаш грчот ѝ го ослободи стомакот и топол млаз течност почна да ѝ се слева по нозете. Под столот на Ема стоеше мал вир жолтеникава течност. Телото повторно ѝ се врати во старата положба. Иста таква возбуда чувствуваше додека гледаше во очите на Исус на Ел Греко. Оној Исус со невообичаено тажните очи кои гледаат во ништото. На Ема ретко ѝ се случуваше да доживее толкава возбуда. Одеднаш посака да му ги види очите на мажот. Во мигот кога го крена погледот за да му ги види очите, пред него се испречи еден висок, крупен маж, далечен роднина на Ема со кого се гледаа само за погреби и свадби. Роднината првин ја потегна за рака жената која ја згазна мувата, а потоа ѝ ги грабна каранфилите од раце и си замина. За сето време чевлите сè уште стоеја на истото место, без да мрднат, веднаш зад жената. По втор пат кога се обиде да му ги види очите, мажот ја сврте главата и со невообичаена брзина се упати кон излезот на капелата. Ема тргна по него, и како што му се доближуваше, така мажот ја зголемуваше брзината на одењето, одејќи сè побрзо. Во мигот кога Ема успеа да му се доближи, една жена на која Ема не се сеќаваше дека ја познава, ја зграпчи и гушкајќи ја ѝ шепотеше нешто неразбирливо, нешто што на Ема ѝ звучеше како брзозборка. Мажот кратко се сврте за да види дали Ема сè уште оди зад него и пред да има време да му го види лицето, нагло ја заврте главата и сè што успеа да види Ема беше голем шилест нос.

Хигсов Бозон, Педерски катахрезис

рекламократија до деветиот круг

пастир е во третиот круг, а го следат црни мачки, едната е на едгар алан по, а другата од дружината на воланд. надвор црно до смрзнување по прсти и уши, перверзно привлечно и мистично гадно. рекламите на пастир се проектираат во етерот.

пастир оди напред, контура на врата пет пати поголема од нормална, а на неа пишува, „читај повеќе”. буквите се како златни риби во вода, се меткаат лево десно, се зголемуваат и намалуваат, но структурата на реченицата се задржува. пастир, освен темница, четири жолти очи зад него и контура на масивната врата, не гледа ни буква ни ништо. знае пастир дека тоа беше реклама за младите, за старите, за идиотите, за оние коишто и да сакаат нема ништо да читаат, а камо ли за тие што самоинцијативно студираат. но, гази пастир натаму. ја става раката врз вратата, а буквите одлетуваат како птички и се формира жолтоцрвен понор со магма што тече. тоа не е стиг, како и да е, личи на мочка. пастир e на ивица, згазнува во вториот круг, вратата зад него ја снемува, а мачките му се качуваат на глава и рамо. нема кај да се заврти, чекор напред значи чекор назад, но вртење назад нема, а мачки му рикаат по глава. мачката на едгар алан по, му скока во очи, а бегемот му копа по черепот.

„создади иднина”, се слуша од негде.

пастир збунет, ја знае пораката од рекламата, се обидува да се отараси од суштествата, патосот му се губи и тој одлетува во понорот да создаде иднина. течноста која испарува прави круг во кој пастир треба да падне. мачките се претвораат во крилја да не би пастир треснал на глава. ја допре ли пастир мочката, влегува во првиот круг, каде го чекаат вмрофци и министерката шанкурова на победничкиот митинг од последните избори. вмрофци влетуваат во првиот круг да слават на плоштад и се сопнуваат од мртвото тело на мартин нешковски. вмрофци свесно улетуваат у првиот круг.
пастир ја препознава ситуацијата, но нема каде, лета удолу,
се редат пораки.

„однесувај се етично” и „дај кош во ѓубре” се темелите на кои се базира првиот круг. телото на мартин е врата. вмрофците го одбегнуваат. пастир не сака да го згази, се бунтува, борба со неговиот ум, ги кине крилјата и ги фрла, а тие долетуваат повторно на неговата тимба како исечени глави на мачките; како топки скокаат од неговото теме. пастир е гневен што паѓа врз телото на нешковски, ги кине градите и го фаќа срцето, го вади и го фрла долу, но веднаш сликата се пореметува како трансформер, а пастир тука раскинат влегува во кралски простории од типот борџија или лувр, каде владее разврат на курви и политичари и расфрлано овошје на сите страни, а ликот од сликата на делакроа „слободата ги води луѓето” му приоѓа на пастир:
повели, му вели таа.

пастир гледа во акт црно убаво женско тело. ги соблака панталоните и ‚ ги нуди да се наметне, а револуцијата го зема копјето на слободата и му го пробива низ стомакот.
мачките се смеат, а влезот во седмиот круг го пречекува пастир со неколку брда хероин и кока. во просторијата мачките одат по брдата и шмркаат, а од таванот ја цеди пораката:
„животот е мојот филм”, кампања за јадење дрога.

пастир се тресе ко да е на антарктик, копјето не може да го извади, а на мачките по малку им е досадно што пастир не е креативен, него чека да го однесе виорот.
бегемот му збори: пастир, подигни си ја свеста со уживање во дроги, што ти е човеку?

пастир трча со копјето кон мачките. промашува со шилото. мачките се смеат, а црна рака се појавува од нигде.

пастир ја прифаќа и е вовлечен во осмиот круг, каде што го пречекува мефистофел.

дали си ти македонија(?), прашува мефистофел.
пастир изненаден, одговара со подигнат показалец кон црниот привид: ти си македонија!

нормално дека ја сум македонија, кажува мефистофел и се ваља од смеа на таквата глупо налудничава и глупа фраза, му го одделува телото од духот и го шутира по скалите надолу; го голта духот на пастир, а неговот тело е фрлено на наредната скала од површинскиот коп на рудникот пекол.

Тина Иванова, Раскази

НИ ВАМУ НИ ТАМУ

Морам да го напишам. Ова е нешто кое одамна ме притиска длабоко одвнатре. Дури ми доаѓа до врвот на дебелото црево. И тоа многу силно, како да сум изела вжештена тула или хамбургер од „Седмица“, што е исто. Или, некое суштество ме демне да излезе што поскоро надвор. Можеби никој нема да го прочита. Мене ми е сеедно.

Всушност и не морам да пишувам ништо, но ме посоветуваа дека треба, не затоа што сум писател, а не сум, туку како дел од некоја нова болничка терапија која неодамна ја спроведоа психијатрите.

Една лебарка, гнасна, ладна, ми помина на грбот. Се почешав. Се зачудив што не се згадив. Ја погледнав со мртвило на лицето како заминува во страв. Од мојот прозорец ги гледав лулашките сместени спроти бензинската на улицата „Орце Николов“. Две близначиња девојчиња се степаа кое од нив прво да седне на едната лулашка. Другата беше скршена, се разбира. Се уште ми ѕвони во ушите врисокот на едното дете. Но, и врисокот на сиромаштијата, на бедата. Неа секаде ја има. Не можам да размислувам за светот, можам за себе си и за нешто околу себе. Тоа го научив од Миро.

За формата. Незнам дали ова нешто кое го пишувам ќе биде роман, раскази, збирка поезија, проза или нешто сосема петто. Мразам форми и дефинирање. Не читам прирачници, не знам како нешто треба да се прави според некакви правила, кодови, теркови, методи. Во школо не учеа дека формата може да делува кај човекот смирено или динамично, дека статичните форми, како што се квадратот, триаголникот, правоаголникот или аглестите слободни форми, делуваат смирено, а дека тркалезните форми се динамични. Смирено или динамично. Трето нема. Во музиката, композицијата може да биде во форма на соната, кончерто, свита. Може ли нештата да немаат форма? Изгледа се има форма. Па, дури и тоа што ни се чини дека нема. Само треба да се смислат повеќе имиња за нејзините контури.

Мојата пријателка Правда вели дека е борец за слобода. И јас. Но, под тоа разбирам креативност, сакам да летам надвор од границите, да ги рушам бариерите наметнати од некого поради нешто. Иако, креативноста па и никогаш не зависела од слободата. Мислам дека слободата доаѓа на крајот од еден креативeн пат. Не, слобода не постои. Дури и на крајот, сосема си заробен. Но, мене пак ми е сеедно. Во книгите, во музиката, во сликите, во ништо никогаш не сум обрнала внимание дали има расплет, заплет, рефрен, строфа, крај, почеток. За мене е важна емоцијата. Она што го нарекуваме љубов на прв поглед.
Ми мириса на исушена земја. Изгледа сум заборавила да ја навадам и онаа малку трева што остана од нашиот бетонски двор. Да, бетонски, ама во среде со трева која за чудо, расте на депресивен осој. Сенката што не му дава на сонцето да испушти ниту еден зрак во ниту еден дел од денот ме направи мрачна.

А, сонцето денеска силно печеше. Ми се заврте во главата од топлината. Сепак, продолжив да читам на заѕиданата тераса. Убаво ми е, што за мене е ретко. Пушам цигара, пијам кафе. Го слушам Морисеј. Гледам во двајцата полуизлупени панкери кои го запоседнале графитот на мојата зграда. Панкери или хипици, не знам. Личат на панкери во фризурите, а главниот симбол им е цвеќе кој ги поврзува меѓу усните. Како и да е, и првото и другото секогаш ме асоцираат на револуција. На промена, на новитети, на разбивање на стварноста.

Едното од близначињата падна. Позната глетка, си ја пукна аркадата, а другото остана занемено да се лула на полуискршената лулашка, додека мајката и таткото го однесоа ова првово во болница. Сара остана сама. Сфатив дека така се вика кога се расправаа. Не можев да дочекам да видам што ќе се случи, ама се запрашав: „Какви родители?“ Од паниката остана само немо чкрипење на рѓосано железо. И одвреме-навреме звук од детско цимолење.

„Сигурно ќе си ја земат, кога ќе се сетат“, си реков.

Требаше да ме однесат во болница. На одделението за психијатрија на лечење, ама ми рекоа да изберам - да пишувам, или да ги следам нивните тактики за да ми биде подобро. Се одлучив на првата варијанта. Затоа и го пишувам ова нешто. Покрај сопственото чувство дека треба да го исплукам шлајмот од моиве гради.

Слики: Joyce Ho

Наградата за најдобар прозен дебитантски ракопис Новите! изнесува 1000 евра и објавување на книгата во едицијата „Катапулт“.

Спонзор на наградата е Комерцијална банка А. Д Скопје.

Досегашни добитници на наградата Новите! се: Алекс Букарски, Галијана Маркова, Дозгулпмус, Ненад Јолдески и Иван Шопов.

Добар избор! Ова што го

Добар избор! Ова што го прочитав е одлично! Ова ви е најјака година според извадоците! Конечно трудот на Темплум со „Новите“ вродува со плод!

Go Petar Go!

Go Petar Go!

Мои фаворити се Петар

Мои фаворити се Петар Андоновски и Олгица Станковска. Петар посебно ме фасцинира, создавајќи ми слики при читањето. Не ми е јасно како може во ист кош да биде ставен со Хигсов Бозон. Некој ден кога ќе се сменат „вмрофци и пастирот“, книгата веднаш губи вредност (не дека овака има некоја голема вредност, далеку е од уметничко дело).

Не се согласувам со тебе,

Не се согласувам со тебе, Анонимна. „Пастир“ може да биде универзална метафора за предводник, за диктатор, за манипулатор. „Вмрофци“ не мора да значи дека станува збор исклучиво за ВМРО ДПМНЕ. Сети се на „1984“ на Орвел. Тој веројатно пишувал за тоталитаризмот на СССр, но книгата стана универзална критика на секаков тип тоталитаризми.
Но, дури кога имињата би биле уште поконкретни и посоголени (СССР, Никола Груевски, ДПМНЕ итн.) тоа пак не би значело намалување на уметничката вредност на делото по автоматизам. Има повеќе генијални книжевни дела кои користат реални ликови и реални топоними и низ преплетот меѓу документарното и фиктивното создаваат чудесни уметнички резултати. (Еден од најизвиканите писатели на таквиот вид проза е В. Г. Зебалд, на пример).

Би се согласила дека ова е до

Би се согласила дека ова е до сега најдобра дебитантска тура и можам да кажам дека сите ракописи заслужуваат објавување.
Ми се допаѓаат „Пишанките...“ на Олгица Станковска, фини се, симпатични, луцидни и зрели. Но некако ми се чини дека постои мала презаситеност и монотонија од тој, во однос на формата и должината, а ла Хармс израз. Во моментов на нашата книжевност ѝ недостасува страст.

Токму тоа ме испровоцира да го напишам коментаров, извадокот од ракописот на Хигсов Бозон... вакво нешто одамна не сум прочитала... а можеби и никогаш од нашите стерилни, извештачени книжевни „генијалци“, без разлика дали млади или стари.
Текстот е неверојатно силен, зрачи со таква енергија, страст, бунтовност и интелект, што конечно ми се врати вербата дека сѐ уште има надеж за вистинската македонска книжевна уметност.
И мислам дека од овој текст, со тој оригинален стил и израз, ќе произлезе една нова поетика...

(: петар! :)

(: петар! :)

Не знам дали сте немале избор

Не знам дали сте немале избор зошто не ги знам другите дела, но сите 4 избрани се бедни. За збирките кратки раскази имам чувство дека се напишани специјално за вашиот избор на најдобар краток расказ...„еј даваат награди...ај и јас да напишам нешто“ Навистина, незнам врз основа на кои критериуми сте ги бирале. Јас не сум книжевник, но сум читач и знам да препознаам добро дело, на овие дела им недостасува многу за да бидат уметники дела, им недостасува идеја, играње со книжевниот јазик и оригиналност. Навистина имам впечаток дека било кој писмен чивек би можел да напише нешто слично. Како и да е, искрено се надевам дека се работи за ваш лош избор и дека македонската проза не е на толку бедно ниво.
П.С. не сакам да навредам никого, им се извинувам на авторите, само го кажувам своето мислење.

velis deka ne si knizevnik.

velis deka ne si knizevnik. Ama od sekoj red od tvojot komentar se cuvstvuva gorcinata na nekoj koj ucestvuval na konkursov, i ne vlegol megu prvite 4. Ako, koj gubi ima pravo da se luti. Ti posakuvam poveke sreka na konkursot dogodina!

Вие може само да се надевате

Вие може само да се надевате дека тоа е така. Повеќе од писма, во животот немам напишано. Познавам некои од испратените трудови затоа реагирам. Морате да имате в предвид дека и други луѓе имаат прочитано нешто од тоа што стигнало кај вас, затоа треба да прифаќате критики, и како одговор би било доволно да кажете дека сепак секој избор вклучува и субјективна компонента, посебно во уметноста, можеби тука не можат да се бараат критериуми....незнам...
А, инаку добра идеја, догодина можам и јас да се пробам:)

Вие може само да се надевате

Вие може само да се надевате дека тоа е така. Повеќе од писма, во животот немам напишано. Познавам некои од испратените трудови затоа реагирам. Морате да имате в предвид дека и други луѓе имаат прочитано нешто од тоа што стигнало кај вас, затоа треба да прифаќате критики, и како одговор би било доволно да кажете дека сепак секој избор вклучува и субјективна компонента, посебно во уметноста, можеби тука не можат да се бараат критериуми....незнам...
А, инаку добра идеја, догодина можам и јас да се пробам:)

Не знам за другите

Не знам за другите пристигнати ракописи, ама од сево ова би го издвоил единствено Петар. иако извадокот е прекраток за роман, сепак техниката на пишување е најблиску до она што јас го сметам за книга.

Првите кратки раскази ко што рече НекојСи се стварно пишувани на сила. И тоа во стилот „Имам инсипирација па ќе шкрабнам два-три реда и сум писател.“

Тина е ОК само пребледо е некако сето тоа.

А Педерскиот Катархезис е приказна сама за себе. Мислам дека доколку победи ваков ракопис и биде прогласен за НАЈДОБАР дебитантски ракопис, тоа ќе зборува многу повеќе за организаторите (на кои Пастирот им ѕвони во мислите 24/7 без сомневање) отколку за тоа какви всушност млади и надежни автори имаме.

П.С. не сум испратил ракопис, но познавам луѓе кои навистина добро пишуваат, па оттука, можеби и ми е малку криво кога ќе погледнам што се влегло во одбрани.

Благодарам за вниманието.

Значи не го мислам само јас

Значи не го мислам само јас истото. Поздрав.

Мене ми се допаѓа само Петар

Мене ми се допаѓа само Петар Андоновски. Ептен е интригантен уште во насловот се насетуваше. Ракописот на Тина Иванова ич не ме заинтересира. Можеби имате избрано лош извадок. Педерски Катахрезис е баш онака ко шо не труеја у основно со „клети турци“. Кратките раскази пак некако ми се веќе премногу инстант. Ми се јаде јагнешко печено едно осум саати. Инаку учествував во конкурсот и не очајувам што не сум во првите четири затоа што не ни очекував откако видов кои автори испратиле ракописи. Ме збуни вашиот избор затоа што видов имиња на колеги кои учествуваа во конкурсот и ги имам читано. И тие брате, ама знааат, ама ептен знаат да те подместат светлосни години понатака од умот со она што ќе го напишат. Најверојатно треба да објавите уште нешто од Тина она горе некако не е доволно. Можеби не знам да пишувам ама знам да читам и она горе не е она што очекував дека ќе се појави како понудено. Секој респект за авторите, можеби ќе беа најдобри во претходниот конкурс но овој, со оние имиња - никако. Пак ќе кажам, Петар треба да победи затоа што ќе има луѓе кои ќе чекаат ред за да ја купат книгата.

vidi, ako nekoi od onie koi

vidi, ako nekoi od onie koi gi poznavas navistina ko sto velis ''epten znaat da te podmestat svetlosni godini ponataka od umot so ona sto go pisuvaat'', togas zosto go pratile ona sto go napisale na ovoj konkurs? Novite e konkurs za avtori koi se vo razvoj, a tie tvoite prijateli koi ne uspeale ovde da vlezat ni vo prvite 4, neka si gi prevedat svoite remek dela na angliski, francuski, pa neka gi pratat vo Random house, Penguin, Gallimard... Pa neka go podmestat cel svet za svetlosni godini, mesto da bidat gubitnici vo nasava provincija! A cetirite izbrani dela, barem spored izvadocite, se odlicni!

Demek ova e konkurs za avtori

Demek ova e konkurs za avtori vo razvoj a ako onie jas ssto gi poznavam se razvieni (eve da recceme po moja procenka) neka se obratat na drugo mesto odnosno da konkuriraat na konkurs sto e na svetsko ramnishte a ovoj ovde e za nekoi spored ne znam koi tvoi od rakav izvadeni kriteriumi marginalizirani avtori koi doprva treba da bidat potturnati za da kinisaat vo knizevniot svet? Ne ti go razbiram komentarot i ne znam sshto se s`sna tolku zzestoko da se sprotivstavish na moeto mislenje. Ne rekov deka ne ccinat. Rekov deka ili ne se dovolni ili deka ne mi se dopaga formata, mene licno, samo mene, od moja perspektiva, od moja gledna toccka, spored moite occekuvanja. Ako ti beshe dojden/a so dobra volja da komentirash za ona shto ti go mislish togash nemashe da stavast komentari protivudari tuku ke si ostaveshe fino lepo komentarcce, zasebno za da si go kazash mislenjeto a ne da vojuvash. Rekov deka occekuvav poveke i plus ne zaboravaj deka izvadocite od Petar mi se dopagaat, epten. Ako ti zasedavash ovde i branish tugi ili svoi interesi pod sekoja negativna kritika togash mesto za komentari ne bi ni trebalo da ima.

Sekako deka sum dojdena so

Sekako deka sum dojdena so dobra volja da komentiram. I dadov duri i dobronameren sovet : onie tvoi poznanici koi pratile rakopisi na konkursot a ne vlegle vo prvite 4, a za koi tvrdis deka pisuvaat taka sto onoj sto gi cita go pomestuvaat za svetlosni godini, da si gi pratat svoite dela kaj golemite izdavaci vo svetov, pa da mozat citatelite od site meridijani da im se voodusevuvaat.

Човеку, јас ги обожувам

Човеку, јас ги обожувам кратките раскази! Навистина! Но искрено, од најдлабокото дно на моето срце велам дека е доста! Навистина е доста! Да се седне и да се напише роман, целосна конструкција, која врзува за стол ден, два, небитно - за тоа сум гладен! Не верувам дека Окнаши повторно би избрале победник некој “ кус“. Не се они до толку....м, дечки?
И токму затоа Петар, друже, ти си мојот фаворит! И еј, ќе чекам прв на редот за потпис од тебе, немој тогаш да се правиш фраер...

Луѓе, врска немате.

Луѓе, врска немате.

Почитувани коментатори, една

Почитувани коментатори, една информација: извадоците од четирите, според нас, најинтересни ракописи, се од првите страници на ракописите. Не биравме ништо, туку само ги земавме почетните две страници на секој од ракописите. Го направивме тоа за да ја избегнеме евентуалната тенденциозност, некој извадок да изгледа поатрактивно од друг.

Благодарам, инаку, за коментарите!

Од четирите ракописи најмногу

Од четирите ракописи најмногу ми се допаѓа Петар. Отскокнува од останатите. Расказите се веќе видено и изживеано во нашава книжевност, а ракописот на Хигсов Бозон делува како антивладина пропагандна порака.

Честитки до избраните, не би

Честитки до избраните, не би ги коментирала само врз основа на дадените извадоци, од едноставна причина што дури и кога едно дело има силен почеток не значи дека истиот квалитет ќе успее да го задржи до крај.
Она што јас би сакала да го видам, а многу ретко се случува при вакви конкурси (можеби забелешкава е мој пропуст, за што од напред се извинувам) е некакво, макар минимално образложување на нештата, во смисла кое дело заради што е избрано, а кое дело заради што не е избрано.
Да бидам поконкретна, би сакала да го видам уште еднаш списокот на сите пристигнати ракописи, но дополнет со конкретен коментар кон секој ракопис.
На пр. „наслов“ - автор - слаба идеја, недоволна оригиналност, недоволна продлабоченост на мислата итн, итн.
Мислам дека секој почетник има потреба од стручно мислење и од искрена, прецизна, па дури и груба критика.
И сигурна сум дека секој од нас ќе ви биде благодарен на искреноста.
Со почит, една од учесниците.

Сосема ви е на место

Сосема ви е на место забелешката, драга Н. Д.! Проблемот е што немаме ресурси (време, енергија) да му се посветиме на конкурсот со целиот работен капацитет. Веќе е голема работа да се прегледаат 40 ракописи. Кога би пишувале мала рецензија за секој од тие ракописи, би страдале многу други работи на Окно и Темплум. За жал, во моментов толку ни се силите.
Ќе се обидеме од следната година да се организираме на таков начин да можеме да одговориме на зголемениот интерес за „Новите!“.

Значи ли тоа немање на

Значи ли тоа немање на ресурси дека прегледувањето на ракописите се сведува на протрчување низ нив?
Да не бидам погрешно сфатена, но сметам дека ако ракописите се прегледуваат со доволно внимание (а за да се направи било каков избор, тогаш доволното внимание е најмалку што мора да се посвети на секој ракопис поодделно), тогаш е сосема едноставно во две речиници да се наведат кои се тие квалитети, односно недостатоци кои доминирале и кои нѐ навеле да го направиме изборот таков каков е.
Кога ги групирате нештата според еден или друг критериум, кога ги подредувате според еден или друг критериум, тоа значи дека значи дека имате јасен впечаток и јасно мислење зошто тоа го правите така како што го правите.
А впечатокот и мислењето секогаш можат да се сведат во две реченици, концизни и прецизни.
И тоа сепак не одзема премногу време, нели?

Низ некои ракописи се

Низ некои ракописи се протрчува - такво е, барем, моето искуство како член на жирито. Еден дел од ракописите навистина се сосема аматерски, почетнички дела и немам никаква дилема околу нивното отфрлање. Дел од ракописите, се разбира, бараат поголемо внимание.

Инаку, почитувани учесници и коментатори на конкурсот, никаде во светот при ваков тип конкурси не е практика да се рецензираат ракописите.

Четирите најдобро оценетите ракописи кратко ќе ги рецензираме во понеделник, кога ќе ја доделиме наградата.

аматерски и почетнички

аматерски и почетнички дела?
хм...
се извинувам ако прозвучам дрско
но
ова беше конкурс за професионални дела?

Некои од делата се мошне

Некои од делата се мошне интересни и зборуваат за релативно висок степен на пишувачки вештини. Некои (повеќето, за жал) не се такви. На првите им посветуваме повеќе внимание, на вторите помалку.

Н.Д., гледајте, супер би било некој во земјава да се грижи за некого, да го негува, да го учи, да го воспитува итн. Тоа, очигледно, не го прави речиси никој, ни родителите, ни школите, ни медиумите, па дури ни улицата... Конкурсов е насочен кон еден единствен ракопис, од нас, жирито, прогласен за најдобар. Повторувам, немаме ресурси да се занимаваме со многуте други интересни аспекти на конкурсов... Ако смогнеме сили во иднина можеби би можеле да се потрудиме да исцедиме и некакви други (едукативни, социјални итн.) вредности од годишниот конкурс за најдобар дебитантски ракопис.

Ве разбирам сосема добро но

Ве разбирам сосема добро
но подучување не ми е поентата
додека ми објаснувавте како одат работите и колку време е потребно, можевте да го ископирате претходно објавениот список и да допишете по 2 збора покрај секој (ако веќе 2 реченици се многу)
разбирам дека никакде во светот не се практикува такво нешто
но за сѐ има прв пат, нели?
се плашам дека погрешно ме разбирате
не ми е целта да оспорувам или напаѓам
само сакам да знам
дипломатијата некаде е потребна, некаде не
во случајов суровата вистина ми е далеку поприфатлива од избегнување на директен одговор
работите треба и мора да се спроведуваат до крај
јасно ми е дека конксурсот е насочен кон еден ракопис
но за да се дојде до тој ракопис има некаква процедура
објавете го списокот и допишете по два збора покрај секој
„наслов“ - автор - лошо
„наслов“ - автор - не поседува никакви квалитети
„наслов“ - автор - има нешто, но недоволно
итн
итн
мислам дека секој од нас сака да знае во која категорија сте го сместиле
срдечно Ве поздравувам

Дечко, двата коментари ко да

Дечко, двата коментари ко да се измислени за тебе, скрол даун. Прочитај ги супер добронамерни се! Ако сакаш да пишуваш, ПИШУВАЈ човеку! Никој не те спречува. Интересното со овој конкурс е што на свој начин е култен, вие размислете си зошто. Ајде да видиме кои други конкурси постојат? Ајде бројте? Сакате и овој конкурс да го не биде?

Сами ќе си се изградите во добри пишувачи, читачи и критичари. Не ви е потребен тука Гелевски. Реално тоа што го бараш, на ниеден конкурс не се прави, не у Македонија, таму далеку уџум. Доста со плачење, не сте малолетници ебате. Конкурирајте, бидете упорни! Ако за конкурс плачете, какви ли сте у сексуалноста, кој да ти знае.

Ај доволно е од мене. Со среќа!

Зар е малку што годишно слушаме за неколку нови автори? А колку реално можат да се створат? Одговорот е во само три коментари.

инаку жена сум протрчувањето

инаку жена сум
протрчувањето низ нечиј текст(дури и кога се работи за најобичен коментар) значи пропуштање на битни детали
како во случајов мојот пол, кој е сосема прецизно нагласен
поздрав Ок

Искрено почнав да се сомневам

Искрено почнав да се сомневам во стручноста на нашата ни македонска книжевна популација. Како учесник во погореспоменуваниот конкурс сега се срамам што воопшто понудив нешто свое на читање (ако се земе предвид дека не е посветено доволно време). Познавам минимум тројца од учесниците кои би требало да влезат во потесниот круг но ете тоа не се случи (овде се разбира не мислам на себе).
Толку! Уживајте во возењето наречено глупост.

Дечките се стручни човеку,

Дечките се стручни човеку, цел живот и по цел ден само книжевност им е пред очи, еден вид критички колоси се тоа. Никој да не се сомнева во тоа. Нормално е да има незадоволни, само би ви напишал, не се обесхрабрувајте! За твоја информација, добра книга се познава веднаш после првото читање човек, тоа ќе ти го каже секој книжевник, а особено книжевен критичар, па бил овој или оној жанр. Нема тука лаги. Очигледно годинава има повеќе добри автори, вообичаено, бројката на добри ракописи е од три до пет. Кој сака да пишува треба да издржи, ако не се лажам Селин рекол дека за добар писател, тренингот е помеѓу 1000 и 5000 испишани страни. Сите виде дечки, прашајте се колку сте напишале, па вратете се малку поконструктивно да разговарате. Стилот се филтрира со масовно пишување. На крај, да се оспори Владимир Јанковски или Никола Гелевски е во најмала рака несериозно, ајде пораснете и не плачете после првиот обид, една, две па и повеќе години ко трепнување поминуваат.

Ајде има ли некој да попраиме муабет, нормално?

 Koga gi citale prvite

 Koga gi citale prvite stranici im bilo sigurno dosadno, pa ne prodolzile ponatamu, " ne znaejki " deka i najgolemite klasici vsushnost zapocnuvaat dosadno. Se soglasuvam so tebe i sigurno deka treba da ti bide krivo sto na nekoj si mu go ponudil svojot rakopis, a toj nekoj ne obrnal dovolno vnimanie. 
   Od ponudenoto Petar zasluzuva nagrada.
 

Мала работа е 1000 па и 5000

Мала работа е 1000 па и 5000 страни - мала :).
Секако заборавив да изразам честитки на првите 4 или колку и да се,
``Ако смогнеме сили во иднина можеби би можеле да се потрудиме да исцедиме и некакви други (едукативни, социјални итн.) вредности од годишниот конкурс за најдобар дебитантски ракопис.``

Ќе го замолам членот на почитуваното ни жири Коља да се препрочита вцо последните два коментари, оти олку контра муабети немам прочитано уште од времето на почитуваниот ни Тито.

Еве и Хемингвеј. Секое

Еве и Хемингвеј. Секое сабајле го препрочитувал текстот од почеток, па до таму до каде застанал со пишување вчера. До крајот на пишувањето према тоа го препрочитувал од 100 до 300 пати. Колку од вас тоа го направиле? Ајде прашајте се. Дечко од претходниот коментар, на некого му кликнува после 1000 А4 формат книга, некому ако издржи, после 2500 страна и ајде сега ти кажи колку страни имаат напишано твоите пријатели? 27, 56, 120? 250? Епа треба да напишат уште десет до дваесет пати повеќе. Што се однесува до Хемингвеј, тој применува метод на чистење. Вие најдете си ваш. Како и да било, се сомневам дека коментарите се коректни во смисла да допринесат кон подобрување на комуникацијата помеѓу писателите? Да? Ако е така, погледнете си ги текстовите уше еднаш, бидете покритични и читајте по една книга во неделата. Тогаш сами ќе дојдат работите и како што ви пишав, вреноста излегува напред, само издржете и не мрчете за џабе, јас искрено освен сега немам време па скокам коментари кои немаат ни аргументи, и се зајадливи, омрзи и се слабо напиани, дури и коментарите кажуваат кое годиште е дечкото/девојката и колку е начитан.

Ајде, тука сум уште пола саат? Има некој?

Ај лајк т'рт'лс.

Ај лајк т'рт'лс.

Ставете ги сите пријавени

Ставете ги сите пријавени ракописи во PDF-формат на Окно. Ако веќе сакате да им се правдате и да им удоволувате на сите кои мислат дека имаат право да се побунат, тоа е најлесното решение.
Нека прочитаат сите што плачат и се жалат, очигледно, затоа што секој за себе мисли дека е најдобар. Не за да се поткопа авторитетот на жирито, туку за да видат дека и вие, како луѓе и книжевници, си имате одредени стандарди кои ги гледаме веќе шеста година. Нека се искритикуваат меѓу себе (пардон, да се искритикуваМЕ меѓу себе). Како и во се' друго, и овде наоѓаме рачка за карање и критикување.
Надвор од ова, им честитам на луѓето што влегоа во финале. И јас бев конкурент/ка и не ми е тешко да се помирам со тоа што не влегов во последниот круг. Тоа е тоа. Писателот е (ако е воопшто) својот најнекомпетентен критичар. За да се продолжи без комплекси, прво треба да се надминат едно чудо суети. Со среќа и во тоа. Поздрав.

Не сум сигурен, Анти, дали

Не сум сигурен, Анти, дали сите автори би ги дале своите ракописи да бидат објавени. И мислам дека целта на повеќето автори не им е да бидат објавени во ПДФ формат, на интернет.

Но, фала за забелешките и предлозите!

 

 Cestitki za konkursot, kakov

 Cestitki za konkursot, kakov i da e, sepak na mladite avtori, denovite koi gi pominuvaat vo iscekuvanje, im se ispolneti so nadez i optimizam, ako ne nesto drugo. Cestitki za prvite 4 , najgolem pozdrav do favoritot Petar. Neka ne me sfati nikoj pogreshno, dokolku konkursot vo svoite informacii ne go sodrzeshe paricniot fond, sigurno bi bil so poinakov kraj. No toa e shto e, makedonci sme sepak. Pozdrav

Петар rules. Неам време за

Петар rules. Неам време за поголем коментар :(

Za vkusovi se raboti, za

Za vkusovi se raboti, za klasa na emocii.

Ako ne so pari, pobedivme so

Ako ne so pari, pobedivme so komentari.

Се гледа дека не е коментарот

Се гледа дека не е коментарот од мене, јас се ИЗРАЗУВАМ на кирилица.

Ma daj bre maloGragjanshtina,

Ma daj bre maloGragjanshtina, mi smo Makedonci mi Chuchimo Doleee

ОкоБоли главаВицФото