Флорида, земја на бизарни случувања

04.01.2012 16:18
Флорида, земја на бизарни случувања

Тим Дорси пишува за бизарните настани што секоја година се случуваат во американската сојузна држава Флорида. Тој смета дека оваа земја е чудна поради разновидното население, но и дека младите се највиновни за бизарностите.

На пример, во Палм Бич, една учителка во основно училиште за крајот на школската година добила „интересен“ подарок од бабата на еден свој ученик – марамчиња и полн пиштол.

Во Тампа, некоја жена, чиј 15-годишен син имал слаби оценки, го натерала синот да стои на аголот од улицата со натпис „Свири ако ми треба образование“.

Една 15-годишна обожавателка на филмската и книжевна сага „Самрак“ била толку загрижена што ќе кажат нејзините родители за љубовната „шљивка“ што ѝ ја нанело нејзиното момче, што ги излажала родителите дека била нападната од вампири. Дури пред полицијата признала што навистина се случило.

Еден 18-годишен татко е уапсен откако полицијата го пронашла во бесознание во приколката, додека неговото бебе во дворот пиело пиво од лименка.

И тоа не е сè: во текот на изминатите 12 месеци на Флорида една жена истрелала четири пати кон човекот кој одбил да ја бакне, додека еден маж отсекол парче месо од мртов кит со намера да го изеде, а 8-годишна девојка на учителката ѝ понудила марихуана, велејќи ѝ: „Ова е тревата на мама“.

Клавирот кој еден ден се појавил на песочна плажа цел еден месец го преокупирал вниманието на јавноста за на крајот да се утврди дека е дел од уметничкиот проект на еден 16-годишен ученик. Кога клавирот бил отстранет, на некој на неговото место поставил маса, две столчиња и шише вино.

До денес не е утврдено како еден човек, склопен од Лего коцки, висок 2,5 метри, незабележано се појавил на плажа. Локалните власти се надевале дека ќе можат да го искористат за промоција на областа, но човекот кој го нашол побарал сопственички права и ќе ги добие доколку не се јави вистинскиот сопственик на човекот од Лего коцки.

И животните се често актери во ваквите бизарности. На пример, на аеродромот во Мајами еден Бразилец се обидел да прокриумчари млади питони и желки скриени во неговите гаќи. Една жена чувала алигатор од два метри во кадата, додека некој човек чувал мртов кугар во замрзнувачот.

Извор: b92

ОкоБоли главаВицФото