Транзитот на Венера преку Сонцето

05.06.2012 11:55
Транзитот на Венера преку Сонцето

Планетата Венера, по Сонцето и Месечината, е најсјајното небесно тело што може да се види од Земјата. Позната е уште како „ѕвезда вечерница“ (во вечерните часови), или „ѕвезда деница“ (пред изгрејсонцето).

Оваа планета, во среда (6 јуни), во раните утрински часови, ќе ни го приреди прекрасниот астрономски спектакл, познат како транзит на Венера преку Сончевиот диск. За набљудувачите од Земјата, единствено Меркур и Венера можат да поминат преку Сончевиот диск, а тоа релативно ретко се случува. Во просек, Меркур прави транзит или поминува пред Сонцето 13-14 пати во сто години, а Венера многу поретко.

Извор: docs.google.com