Најден е дијамант двојно поголем од Земјата!

12.10.2012 15:55
Најден е дијамант двојно поголем од Земјата!

Астрономите октриле планета двојно поголема од Земјата, што главно е составена од дијаманти, а се наоѓа во орбитата околу ѕвезди видливи со голо око. Планетата „55 Cancri e“ кружи околу ѕвездите во соѕведието Рак, објави француско-американскиот истражувачки тим што ја откри, и додава дека нејзиниот радиус е двојно поголем од оној на Земјата, со значително поголема густина, па масата и’ е осум пати поголема од земјината. Температурата на површината достигнува до 1648 Целзиусови степени.

„Наместо со вода и гранит, површината на планетата веројатно е покриена со дијаманти и графит“, изјави Нику Мадхусудан, истражувач од Јејл чија студија ќе биде објавена во списанието Astrophysical Journal Letters.

Во студијата, што ја изработи заедно со Оливер Моусис од Институтот за планетологија во Тулуз, Франција, се проценува дека најмалку третина од масата на оваа планета, што е еквивалент на земјината маса тројно зголемена, може да е составена целосно од дијаманти.

Извор: danas.net.hr