Исландски научници покажаа како изгледа иднината на производството на месо

12.01.2022 13:33
Исландски научници покажаа како изгледа иднината на производството на месо

 

Во стаклениците на ORF Genetics веќе растат над 100 000 генетски модифицирани стебленца богати со протенини какви може да се најдат во месото.

Изменетиот јачмен се бере и се прочистува за од него да се издават протеини „фактори на раст“, кои пак, може да се користат за производство на лабораториски одгледано месо.

Зошто вештачко месо?

Таквото месо последниве години станува се’ попопуларно од етички и еколошки причини. Имено, за производство на вистинско месо е потребно многу повеќе земја и вода отколку за произвоство на истата количина растителна храна. Тоа значи дека вештачкото месо подразбира помалку сечење шума, помалку вода и помалку загадување со отпад.

Освен тоа, во производството на месо се создаваат големи количини стакленички гасови како метан и CO2, кои се причинители на климатски промени. Сточарството предизвикува приближно иста количина емисии колку и целиот транспорт. Околу 60% од емисиите кои потекнуваат од земјоделството отпаѓаат на производство на месо.

Говедата особено многу влијаат врз околината зашто, покрај тоа што трошат големи ресурси, создаваат метан, кој има 80-ина пати поголем стакленички ефект од CO2.

На пример, студиите покажале дека производството на говедско создава четири до осум пати повеќе стакленички гасови од прозводството на свинско, пилешко или јајца по грам протеин, а сите видови месо имаат значајно поголемо влијание врз климатските промени од протеинот од растително потекло, на пример од соја. За среќа, метанот се распаѓа побрзо од CO2.

Во споредба со конвенционалното говедско, говедското што се одгледува во лабораторија бара 45% помалку потрошувачка на енергија, 99% помалку користење земјиште и произведува 96% помалку емисии на стакленички гасови.

Конечно, вештачкото месо подразбира помалку убивање животни и помалку пандемии со оглед дека многу вируси, бактерии и празитски болести се развиват благодарение на блискиот контакт на луѓето со животните.


Како се произедува вештачко месо во лабораторија?

Научниците во произвдството на вештачко месо користат кравји матични станици, градежни блокови на мускулите и на другите органи. Станиците се ставаат во петриеви садови со аминокиселини и јагленохидрати за мускулните станици да се размножат и да растат. Факторот на раст поттикнува размножување на станиците. Откако ќе израснат доволно мускулни влакна, резултатот е месо што наликува на говедско.

Теоретски, од една почетна матична станица со размножување може да се произедат неограничени количини месо.

Големиот стакленик од околу 2000 квадратни метри на приватната фирма ORF Genetics основана во 2001 се наоѓа недалеку од малото рибарско место Гриндавик. Во него во непрегледни редови хидропонски садови се одгледуваат 130 000 јачменови растенија. Стакленикот го загреваат големи извори хидротермална енергија што на вулканскиот Исланд ја има во изобилство. Тие и извор на напојувањето за вештачко осветлување што се користи во одгледувањео кога сонцето во зима е ниско на хоризонтот.

На тој начин во текот на цела година се одгледуваат 130 000 билки јачмен.

ORF ја истражува иновативната и употреба на јачменот за производство на различни фактори на раст слични на човечките и животинските.

Фактор на раст во козметиката

Која е улогата на факторите на раст во нашите тела? Факторите на раст се природни супстанци кои можат да поттикнат пролиферација на станиците, односно нивна делба, зацелување на рани и станична диференцијација во други видови станици. Тоа се обично протеини или стероидни хормони.

Од раѓањето до зрелото доба, нашите тела произведуваат протеини кои се нарекуваат фактори на раст, а ја обновуваат кожата и делуваат како сигнални молекули за комуникација меѓу станиците. Примери се цитокините и хормоните што се врзуваат за специфични рецептори на површината на своите целни станици.

Се покажало дека јачменот е идеална билка за производство на фактори на раст. Јачменот е самоопрашувач, што значи дека поленот на јачменот нема да ги опраши другите цвеќиња, дури ниту оние кои се соседни. Вкрстеното опрашување претставува проблем за еколошката сигурност во одгледувањето на ГМО посеви бидејќи со нив својствата на една билка понекогаш може да се пренесат на друга билка.

ORF произведува 25 различни фактори на раст. Компанијата, меѓу другото, своите напори ги насочила кон факторите на раст слични на човечките за потребите на истражување матични станици и на индустријата за нега на кожа. Во 2010 ја претстави својата марка за нега на кожа BIOEFFECT, која е првата во светот базирана на фактори на раст од билки добиени со биоинженеринг. Епидермалниот фактор на раст (EGF) е еден од најзначајните фактори на раст во нашата кожа. Има важна улога во производството на колаген, еластин и хијалуронска киселина за одржување на здравиот изглед на кожата. BIOEFFECT постигна голем успех и сега се продава во Исланд и во светот.


Фактор на раст во производството на храна

Но, во 2021 ORF Genetics одлучиле да започнат производство на фактори на раст слични на животинските кои би можеле да се користат во производството на лабораториско месо.

Со порастот на глобалното население, побарувачката за храна богата со протеини расте експоненцијално, додека одржливите земјоделски земјишта главно не растат. Месните производи одгледани од станиците би можеле да понудат сигурна, хранлива и етичка замена за месо. Месо одгледано во станиците може да биде замена за месото кое го бара пазарот, и би вклучувало и содветни количини масти. Тоа дури би можело да помогне во замена на штетните заситени масти во месото на здравите маснотии.

Дали вештачкото месо е прифатливо за вегетеријанците?

Вештачкото месо огледано во станиците би можело да биде прифатливо за вегетеријанците, барем за дел од нив, бидејќи не подразбира злоставување и убивање животни. Но, прашање е дали ќе биде прифатливо за веганите кои одбиваат да јадат се’ што е од животинско потекло и некои верски групи како хиндусите кои не јадат месо или за евреите и муслиманите кои јадат само кошер, односно халал месо.

Извор: Index