Откритие што ќе го промени нашето сфаќање на вселената

11.08.2019 23:24
 Откритие што ќе го промени нашето сфаќање на вселената

Научниците откриле низа скриени галаксии и со тоа значително ќе се промени нашето разбирање како функционира вселената.

Досега непознатите ѕвездени пространства се уште поспектакуларни од нашите, истакнуваат истражувачите. До новите сознанија успеале да дојдат благодарение на новите можности да ја набљудуваат вселената подалеку од кога било.

За овие откритија астрономите велат дека се вистинско богатство кое би можело да ни помогне во решавањето на некои од најдлабоките и темелни прашања за вселената, вклучувајќи ја и мистеријата на супермасивните црни дупки и темната материја.

Сликата од вселената која на научниците им ја овозможил вселенскиот телескоп „Хабл“ била непроценлива, но ни тој не можел да им овозможи да согледаат некои од најважните делови од она што нè опкружува.

Новото истражување им овозможило на научниците да спојат многу различни податоци добиени од сите опсерватории и со помош на нив да погледнат подалеку од кога било.

- Овие пронајдоци се во спротивност со моменталните модели за космичката еволуција што ги имаме и ќе ни помогнат да сфатиме некои детали кои досега ни недостигаа - истакнува Тао Ванг, истражувач од Универзитетот во Токио.

Во секој случај, многу теории ќе мора да бидат ревидирани.

Извор: https://www.fakulteti.mk