Во Љуботен 2001 загинаа невини луѓе и деца

12.04.2013 08:46
Во Љуботен 2001 загинаа невини луѓе и деца

На сите тие кои ги фалат „јунаците“ кои вршеле злосторства над невини луѓе, заслепени од омразата кон „другиот“, нека не ги болат пречеците на „јунаците“ од било која „страна“.

Во Љуботен 2001-ва загинаа невини луѓе и деца. Тоа е вистината, за жал. Како што беше жално Бриони, мавровските работници, палењето и уништувањето на еден куп цркви, манастири и џамии, и тоа што сите ние треба да се погрижиме да не остане неказнето: киднапирањето и веројатно убивањето на 12 цивили Македонци и 6 Албанци, на кои не им се знае ни гроб.

Како и секогаш досега, опстојувам на ставот дека сите злосторства над цивили треба да се казнат, а многумина во МК деновиве прогласија јунак човек кој водеше одмаздничка акција во која настрадаа цивили и деца, и за што беше осуден од меѓународен суд.

Сепак, слепците од двете страни не се мнозинство. Малку се, ама се гласни, насилни, и за жал, ни го окупираат општеството, користејќи ја нашата пасивност, добрина, и наивната мисла дека идиотите и злите ке се опаметат и поправат.

На огромниот број добри луѓе во МК им посакувам сочувување на разумот и чистите срца, и сила да го ослободиме општеството од ирационалната омраза која нè јаде со години!

(Текстот е преземен од Фејсбук профилот на Петрит Сарачини)