Како се „сака“ Македонија

03.10.2013 10:05
Како се „сака“ Македонија

Учи, оти знаењето е сила, знаењето е моќ, но по можност купи семинарска, диплома, магистратура, а богами и докторат.

Дери се против Жерновски оти троши 15.000 евра за реклами во медиумите, а молчи за тоа што актуелната семоќна власт, преку Владата, министерствата, јавните претпријатија и речиси сите општини што се под нејзина капа трошат над 30 милиони евра годинава.

Абортусот е убиство, а за опаѓањето на популацијата е виновна и храната, и Јупитер и Марс, Фејсбук, сѐ само не сиромаштијата и несигурноста која зрачи во оваа држава.

Прави кампањи против насилството над жените, ама потпиши и договор со Катар каде што на жените им нудиш можност да работат како робинки.

Биди добар кон туристите, ама замижи пред фабриките без филтри.

Биди дрво на денот, овај, пардон, ден на дрвото, и живеј во градот на статуите и парковската инквизиција, кој не ги поправи мерачите за да видиш каков воздух дишеш.

Научи како се сака Македонија, повторувај „во согласност со Уставот и законите“, и живеј во држава каде џандари те газат и бркаат пратеници и новинари од Парламентот.

Извор: Фејсбук профилот на авторот
Слика: Свирачиња