Во Македонија нема проблеми, тоа соросоидите така нè убедуваат

03.08.2016 15:28
Во Македонија нема проблеми, тоа соросоидите така нè убедуваат

„АКО НЕМА СОРОСОИДИ ЌЕ НЕМА НИ АРСЕН ВО ВОДАТА, СМЕТА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГЕВГЕЛИЈА“

 

 

Многу ми се допаѓа насловот.

Мислам дека во него е концентрирана суштината на проблемот со кој се соочуваме последнве 10 години.

Не е вистина дека има сиромаштија во Македонија. Тоа соросоидите нè убедуваат дека сме сиромашни.

Не е вистина дека има корупција во Македонија. Тоа соросоидите нè убедуваат дека има.

Не е вистина дека се загрозени правата и слободите на граѓаните. Тоа соросоидите така нè убедуваат.

Не е вистина дека имаме најлошо здравство во Европа. Тоа соросоидите тврдат така.

Не е вистина дека имаме најлошо образование во Европа. Тоа соросоидите тврдат така.

Не е вистина дека државата е партизирана. Тоа соросоидите тврдат така.

Не е вистина дека...

Ако сето ова не е вистина, туку само тврдење на соросоидите, најлесен начин да се справиме со проблемот (кој и не е проблем туку тврдење на соросоидите) е да ги уништиме соросоидите.

Кога во државата ќе нема соросоиди, сите ќе видат дека сме богати, просперитетни, со добро здравство и образование, без корупција, без партизација. На сите ќе им стане јасно дека всушност ние сме идеална држава.

Нема да има проблеми со нечиста вода, со нечист воздух. Нема да има јаз во платите, нема да има убиства, нема да има случаи пред Стразбур.

Можеби треба да направиме таков експеримент. Еден месец соросоидите да си ги затнат муцките. И да видиме. Што ќе се случи?

Извор: Фејсбук профилот на авторката
Слика: Марко Ковачевски