Жоро верувал во правна држава и се загрижил за новинарството?! Друже, дај не дупи, аман!

01.06.2013 08:22
Жоро верувал во правна држава и се загрижил за новинарството?! Друже, дај не дупи, аман!

Перфидноста на некои луѓе е страхотна! Некои луѓе се толку талентирани за јадeње гурабии што тоа е просто неверојатно! Главниот уредник на „Нова Македонија“, а претходно на „Дневник“, Зоран Димитровски Жоро, се чини е махер над махерите, еден од петте најневеројатни бурекојадачи во новинарската фела, веднаш покрај Лаки Застава Филм, Свирка Миленковска, Слободан Шашуле, Зики Блумберг и уште неколку ненадминати магионичари на јазикот кои знаат толку добро да маневрираат и да прават лупинзи и пируети во менталните креации и сето тоа да го исплукаат вербално или во пишана форма, што кога ги читаш не знаеш дали да се крстиш, дали да аплаудиураш, дали да се смееш дали, да плачеш за дното на човечката беда и достоинство, но и за виртуозноста на глодањето на ВМРО-овскиот анус, за бравурозното вртење у чмарот на владата како најдобра и најинвентивна германска бормашина.

После сè што се случи со медиумите и новинарите и после сите црнила и страхотии и ужаси, на Жоро му текна да се јави со колумна. Во колумната тој да ти бил загрижен за слободата на новинарството; навидум досега сè било во рамките на дозволеното и ова со апсењето на колегата Томислав Кежаровски е прво пречекорување на црвената линија. Ете, тоа е таа намештаљка, таа цака шо сака Жоро да ја постигне, да ја подметне, да ни го начука нам како јавност. Демек досега сè било донекаде ОК, ама сега малку згрешиле и он ете одговорно се јавил да предупреди. Јаоооо човече, па дали е могуче?! Колку перфидно, колку скапано, колку расипано, колку одвратно... Но и колку интелигентно и хиенски подло исплетено и стратешки обмислено е ова, приметувате ли?

Пазете која е само тоа опасна теза. Имено, Жоро колумната ја завршува со реченицата: „Впрочем, сѐ уште верувам во правната држава. Па, богати, не е белки на власт Бранко Црвенковски?!“ Ете каде е подметнувањето. Пак се боде против Бранко, иако тој е веќе заминат од СДСМ, а СДСМ не е на власт седум години; и пак се спинува и се врти мнението и ставот дека овие на власта се ОК, но одвреме-навреме знаат да згрешат и дека работата е далеку од лоша, посебно од времето на СДСМ и на Бранко. Тука е разводнувањето и главниот спин, овде они го фаќаат народот на цака, на финтава, и затоа Жоро е еден од клучните играчи кои му ги бутаат финтиве на народот у мозок.

Он впрочем пишува во гласилото на најмоќниот и најбогат Македонец (кој го има под своја закрила и гласилото „Капитал“ на Зики Блумберг) кој во моментов го гради седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, а во меѓувреме учествува дебело во градењето на СКОПЈЕ 2014 и на други пропратни проекти со стотици милиони евра бенефит. Притоа Макстил работи без дополнителни филтри против загадување, за што исто така заштедува десетици милиони евра. Секако, за возврат дава троа донации во ракомет, но за тоа си добива ослободување од данок и билдање на мит за добричина и патриота. Жоро совршено добро знае што му се случува на македонското новинарство, тој знае за трагедијата, за уништените новинарски кариери, за спинувањето, лажењето, за агитпропот под палката на шефот на кабинетот на премиерот и директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, знае за спрегата на газдите на МПМ со владата, за преземањето на Алфа, за спрегата на Канал 5 и Сител во пропагандата и со владините кампањи и учеството на сопствениците во владата и во министерскиот кадровски и буџетски колач, тој знае за стравичниот пад на слободата на говор и на новинарските стандарди, одлично знае за стравот на фирмите да се рекламираат во објективните медиуми и обратно, за брдото пари со кои располагаат медиумите кои се дел од пропагандата, а со што се создава нелојална конкуренција бидејќи со тие пари се купуваат светски првенства, атрактивни фудбалски лиги, филмови, продукција, студија, серии, се делат дебели плати итн. итн., со што дополнително предизвикуваат чувство на очај и беда кај новинарите и медиумите кои решиле да си го зачуваат образот и достоинството.

Ова е второ ронење на крокодилски солзи на Жоро. Првото беше околу смртта на Никола Младенов кога он сакаше да се прикаже како буден следбеник на истрагата, демек тој како бивш уредник во Фокус бил должен да се погрижи - сега од позиција на еден од владините трубадури - сè да помине од најдобар ред. Ете тоа е финтата, драги мои, да чекаме од притисокот и пресијата на талибанците да рокнеме и да нè снема, тука е Жоро, новинарскиот ангел чувар да испита дали сме цркнале од срцев удар или од чир на желудник или можеби не сме поминале на пешачки целите избезумени од кривични пријави, откази, замолчувања, згаснувања на медиуми, нови закони со кои ни ги врзуваат рацете и ни лепат лента на уста.

Жоро е свесен каде живееме, во кој систем, кој владее, како владее, и како самиот најдебело учествува во сето тоа најодвратно одработувајќи, а притоа длабоко валкајќи се во нечиста смрдена кал од која никогаш нема да може да се испере. Овој систем генерираше пет-шест Панде Колемишевци. Комунистите имаа еден, овие имаат многу повеќе. Затоа тие ги надминаа комунистите во сè најлошо, а добрите работи ги изоставија. Притоа цело време глумат дека се антикомунисти; а всушност се најголеми фанови на комунистичката клика и филозофија и на сите други проклети системи како фашизам, џамахирии и калифати.

Извор: Мактел, 31.05.13.
Слики: Свирачиња