Мурали во чест на славниот говор на Мартин Лутер Кинг Јуниор

06.08.2013 09:33
Мурали во чест на славниот говор на Мартин Лутер Кинг Јуниор

Мартин Лутер Кинг Јуниор, борец за граѓански права, добитник на Нобеловата награда за мир и една од најважните фигури во борбата за права на американското црнечко население, е роден и живеел во Атланта. Токму заради тоа францускиот уличен уметник JR неодамна се упатил во овој град, за да оддаде почит на оваа важна историска личност со своите мурали.

Кон крајот на август ќе бидат одбележани 50 години од славниот говор на Кинг, I have a Dream, кој повикува на окончување на расизмот во Америка. Говорот кој инспирираше генерации борци за човекови права е одржан на 28 август 1963 година, а го слушнале повеќе од 250.000 собрани активисти.

JR до сега изработил три мурали посветени на Мартин Лутер Кинг, во кои користи историски фотографии поврзани со неговата борба и движењето за правата на црнците во САД. Делата на JR ги прикажуваат масовните граѓански протести и славниот транспарент на кој пишувало: Јас сум човек.

Извор: radiosarajevo.ba

 

ОкоБоли главаВицФото