Таинствениот култ на африканските берберници

11.09.2013 18:18
Таинствениот култ на африканските берберници

Нигерискиот фотограф Ендру Есеибо го истражува култот на берберниците во западна Африка, со цел да покаже дека, освен за бричење, овие места служат и за опуштање и дружење, речиси како кафулиња.

„Берберницата е интимен простор каде луѓето доаѓаат за да расправаат за она за што не можат да разговараат во своите домови или во јавноста, што ја вклучува политиката, па дури и нивните љубовници. Тоа е еден од ретките простори каде што се мешаат луѓе од сосема различни класи и животни патишта“, вели Есеибо.

Неговите фотографии се снимени во Либерија, Мали, Гана, Сенегал, Бенин, Мавританија и Брегот на Слоновата коска.

Како што наведува фотографот, голем број фризури кои настануваат во овие берберници зборуваат за лицата кои ги носат.

Некои од берберниците го содржат само основниот инвентар, додека некои се уредени според склоностите на своите сопственици и содржат фотографии од иконите на африканската култура, спорт и музика.

Во некои исламски земји како Мали или Сенегал, фризурите можат да бидат изјава на слобода или индивидуалност.

Есеиба за овој потфат е инспириран од еден бербер од Лагос кој вели дека редовно го бричел и потстрижувал нигерискиот претседател. Тоа го навело Есеиба да сфати колку е важен берберот во општествата во западна Африка.

Десет негови фотографии се наоѓаат во постојаната колекција во Musée du quai Branly во Бразил.

Извор: guardian.co.uk

Слични содржини

Фотографија / Живот
Фотографија / Екологија / Око
Фотографија / Свет / Живот / Око
Фотографија / Свет / Живот / Око
Фотографија / Живот / Око
Фотографија / Живот / Култура / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото