Бракот е заедница помеѓу Влатко Ѓорчев и една жена

17.09.2013 07:09
Бракот е заедница помеѓу Влатко Ѓорчев и една жена

Скопје, 17 септември 2013

На вчерашната седница на собраниската Комисија за уставни прашања, владејачката партија предложи бракот уставно да се дефинира како заедница помеѓу пратеникот Влатко Ѓорчев и една жена. На тој начин, со највисокиот правен акт ќе се заштити неговото семејство, кое претендира да стане најмногудетно, што е од огромно значење за Република Македонија и гласачкото тело на владејачката партија.

Иницијативата на ДПМНЕ ја соопшти самиот Ѓорчев, велејќи дека на тој начин ќе се спречи една загрижувачка тенденција која зема замав во цела Европа, а се заканува да дојде и во библиска Македонија.

„Ако не го заштитам мојот брак со Устав, кога ќе дојде СДСМ на власт ќе ме сторат педер холандски“, рече тој на седницата на Комисијата.

Повеќето членови на Комисијата беа согласни со него, но имаше и такви кои негодуваа дека со отворањето на Уставот, се отвора цела пандорина кутија.

„Ако го дефинираме бракот, ќе треба да ја дефинираме и љубовната афера, односот меѓу швалерот и швалерката како две лица кои се во врска и покрај тоа што веќе се во брак, ќе треба да го дефинираме групниот секс, па додворувањето на кафе и по смс... тоа нема крај“, сметаат дел од опозициските пратеници.

Неофицијално, дознаваме дека пред да биде избрано решението да се дефинира бракот како заедница меѓу Влатко Ѓорчев и една жена, во ДПМНЕ се водела жестока расправија околу бројните други идеи. Помеѓу останатите, на маса биле предлозите бракот да се дефинира како доживотна заедница меѓу ДПМНЕ и власта или како доживотна заедница меѓу Никола Груевски и буџетот на РМ.

Сепак, предлогот на Ѓорчев победил, кога тој ејакулирал на масата на која се расправало и на неа веднаш се појавиле израстоци во вид на минијатурни масички.

Слика: Свирачиња