Врховниот суд пресуди: сите мораат да стапат во истополов брак!

23.09.2013 10:02
Врховниот суд пресуди: сите мораат да стапат во истополов брак!

Врховниот суд им нареди на сите граѓани да стапат во брак со лице од ист пол

 

Бостон

Судиите на Врховниот суд во Масачусетс во понеделникот со 5 наспрема 2 гласа донесоа полноправна одлука што важи за сите без исклучок, според која сите граѓани мораат да стапат во брак со партнер од ист пол. Со одлуката истовремено се поништуваат сите дотогаш склучени хетерогени бракови и така се поставуваат темелите за 2,4 милиони принудни истополови бракови кои треба да бидат склучени до 15 мај.

„Како што ни е познато на сите, истополовите и хетеросексуалните бракови не можат да постојат паралелно. Одлуката што ја донесовме во ноември е само првиот чекор во создавањето на сехомосексуален Масачусетс“, рече претседателката на судот Маргарет Х. Маршал.

„Со оглед на тоа дека допуштањето на истополови бракови ги поткопува хетеросексуалните врски, одлучивме да делуваме однапред и целосно ги забранивме браковите меѓу партнери од ист пол“, додаде Маршал.

Потоа судиите ги поздравија сите 4,8 милиони жители кои според годините имаат право да стапат во брак и им ја честитаа новостекнатата законска обврска.

„Ако нашата историја нѐ учи на нешто, тоа е дека поинаквите никогаш не се еднакви“, вели Маршал. „Секоја одлука што не би одговарала на укинувањето на конвенционалниот брак и налогот за склучување истополов брак би претставувала навреда за истополовите заедници. Уверена сум дека сите разумни луѓе ќе ја сфатат одлуката како единствено решение на долготрајниот спор околу бракот кој ја потресува не само нашата држава, туку и цела Америка.“

Маршал потоа ја објави својата веридба со воспитувачката во градинката Холјок, Бетси Питерсон, при што случајното извлекување двојки го извршил компјутерот од канцеларијата за попис на населението.

Сите што нема да одлучат да се венчаат приватно ќе бидат упатени на некоја од масовните свадби што редовно ќе се одржуваат во паркот Фенвеј, на стадионот Жилет и во бостонскиот Изложбен центар. Секој граѓанин кој до пропишаниот датум нема да стапи во истополов брак или реши да остане во противзаконска хетеросексуална врска, ќе биде уапсен и суден поради недавање поддршка.

Неколку стотици збунети и гласни демонстранти во понеделникот ја исполнија улицата пред градското собрание, мавтајќи со американски и шарени знаменца. Меѓу протестните песни што повремено можеа да се чујат вреди да се истакне „Хеј, хеј, хеја, хај, на хомофобијата мораше да ѝ дојде крај, но искрено ова е заебано: може Адам и Ева или Адам и Чип, но не и Адам со некој случајно одбран тип“. Некои демонстранти носеа транспаренти со натпис Бостонските христијани се подготвени на компромис.

Според полициските извештаи, демонстрантите биле гласни, но мирни.

„Несветата заедница луѓе од ист пол ја уништува единствената романтична врска која ја пропишува нашиот Небесен Господар: љубовта меѓу мажот и жената“ вели 54-годишната демонстрантка Роуз Шулц. Јас и мојата нова партнерка Хелен ќе гориме во пеколот.

Со оваа очекувана одлука се поставени темелите за понатамошната расправа околу уставот на Масачусетс, при што стручњаците за уставно право ќе ја разгледаат можноста за донесување амандман со кој бракот би се дефинирал како заедница меѓу две лица од ист пол.

„Да не беше донесена оваа одлука“, изјави републиканецот Мајкл Феста, „гласањето за амандманот“, а и неговата трауматична венчавка со гласноговорникот на Конгресот и неговиот долгогодишен политички противник Томас Финеран, „ќе се оптегнеше во негоглед“.

„Ова е победа не само за нашата држава, туку и за цела Америка. Простото изедначување на правниот статус на хомосексуалните и хетеросексуалните двојки не беше нашата главна цел. Одлуката за задолжително стапување во хомосексуален брак на државно ниво е темел за некои побитни одлуки како што се: озаконување на содомијата, па во догледно време и легализација на бестијалноста и педофилијата“, рече Феста.

Масачусетс е меѓу државите со најголем број хомосексуални домаќинства во САД, а според извештајот од 2000 година таквите домаќинства изнесуваат 1,3%. Со донесувањето на новиот закон тој број ќе се зголеми за 98,7%.

Извор: The Onion, сатирични приказни, Темплум 2004