Мажите кои се во врска со мажи се повеќе склони кон хомосексуализам

07.09.2013 11:04
Мажите кои се во врска со мажи се повеќе склони кон хомосексуализам

Дељадровци, 7 септември 2013

Истражување на Институтот за сексуален бихејвиоризам од Дељадровци утврди дека мажите се повеќе склони кон хомосексуализам доколку се или биле во врска со маж.

Како што тврдат научниците од овој институт, 100% од мажите кои во моментов се во врска со лице од ист пол покажуваат знаци на хомосексуално однесување.

„Нашите резултати се исти за сите социјални групи, без оглед на нивната материјална положба, образованието, религиската припадност или бојата на кожата. Многу дилеми врзани со сексуалната ориентација на мажите се отстранети и сега можеме со сигурност да тврдиме дека мажите кои спијат со други мажи се повеќе склони кон хомосексуално однесување од другите“, вели Трајко Мирковски од Институтот.

Според него, причините за ваквото однесување се од чисто биолошка природа.

„Во мозокот на мажот кој се заљубува во друг маж или има редовни сексуални односи со него доаѓа до промени и има изгледи тој да стане геј. Доколку ваквиот однос потрае, промените се толку интензивни што за таквото лице дефинитивно може да кажеме дека е хомосексуалец“, вели овој научник.

Интересен е фактот дека се добиваат сосема спротивни резултати кога се жените во прашање. Имено, истражувањето покажа дека жените кои се во врска со мажи не покажуваат речиси никакви хомосексуални склоности. Научниците за сега немаат објаснување за оваа појава, но сметаат дека повторно се работи за биолошки причини и најавуваат формирање на истражувачки тим кој ќе даде одговори на ова прашање.

Извор: www.njuz.net