28 цитати од Махатма Ганди

24.12.2013 15:14
28 цитати од Махатма Ганди

1. Се противам на насилството, затоа што кога изгледа дека прави добро, доброто е само привремено; злото кое го предизвикува е постојано.

2. Што и да правите, ќе биде безначајно, но многу е важно да го правите тоа.

3. Криењето на незнаењето значи тоа да се зголеми. Чесното признавање на незнаењето, пак, дава основа за надеж дека порано или подоцна тоа ќе исчезне.

4. Го мразите гревот, но го сакате грешникот.

5. На светот има седум гревови: богатство без труд, уживање без карактер, трговија без морал, наука без хуманост, обожување без жртва и политика без принципи.

6. Не смеете да ја изгубите вербата во човештвото. Човештвото е океан; ако неколку капки во океанот се нечисти, океанот нема да стане валкан.

7. Не е мудро да се биде премногу сигурен во сопствената мудрост. Здраво е да се потсетиме дека најсилните можат да ослабат и дека најмудрите можат да згрешат.

8. Морате да бидете промената која сакате да ја видите во светот.

9. Каква разлика прави за мртвите, сиромашните и бездомниците дали лудачкото уништување е изведено во име на некој тоталитарен режим или во светото име на слободата и демократијата?

10. Човекот е производ на своите мисли. Она што го мисли, тоа и станува.

11. Ги мразам привилегиите и монополите. Сето она што не може да се подели со народните маси, категорично го одбивам.

12. Нашата големина како човечки суштества не лежи толку во можноста да го промениме светот - бидејќи тоа е мит на атомското време - туку во можноста да се промениме себеси.

13. Богатите мораат да живеат едноставно, за сиромашните едноставно да можат да живеат.

14. Големината и моралниот напредок на народите може да се мери според тоа како постапуваат со животните. Единствен начин да живееш е да ги оставиш и другите да живеат.

15. Мото на животот: да се избрише секоја солза од сечие око.

16. На пијаниот човек му се свртува во главата по две или три чаши, а на суетниот уште по првото ласкање.

17. Идеалната ненасилна држава би била поредок без власт.

18. Мораме да пружиме отпор на угнетувањето, но никако не смееме да му нанесеме зло на угнетувачот. Мораме да го победиме со љубов - да му откажеме послушност, макар и по цена на животот.

19. Љубовта е најголемата сила која светот може да си ја претстави, но истовремено и најскромната.

20. Човекот ја создал машината, но машината го зароби човекот и тој работи, а повеќе не живее.

21. За одвреме-навреме да се види универзалното и севременско лице на вистината, човекот мора да биде спремен и најмалечкото од сите живи суштества да го сака колку самиот себе.

22. Граѓанската непослушност е вродено право на секој граѓанин. Доколку се откаже од него, престанува да биде човек.

23. Ако ги победевме Англичаните со оружјето со кое нѐ поробија, нашето ропство ќе останеше дури и по нивното заминување.

24. Прво те игнорираат, потоа ти се смеат, па те тепаат и на крајот ти победуваш.

25. Дури и кога сум малцинство од еден човек, вистината и понатаму е вистина.

26. Зборувај само ако тоа е подобрување во однос на тишината.

27. Мораме да ги почитуваме другите религии, како што ја почитуваме својата. Не е доволно да ги толерираме.

28. Ти и јас не сме ништо друго освен едно суштество. Не можам да те повредам тебе, а со тоа да не се повредам и самиот.

Извор: www.brainyquote.com

ОкоБоли главаВицФото