Како да се вљубите со помош на 36 прашања

01.08.2017 12:49
Како да се вљубите со помош на 36 прашања

Во книгата “Модерна љубов“ од Манди Лен Катрон, во поглавјето „Да се вљубиш во секој, направете го тоа", таа се осврнува на студијата на психологот Артур Арон (и други) која истражува дали интимноста меѓу двајца луѓе може да се забрза со тоа што меѓусебно ќе си постават специфична серија лични прашања. 36-те прашања во студијата се расчленети на три сета, при што секој сет е поинтимен од претходниот.

Клучната идеја е: взаемната ранливост ја поттикнува блискоста. Авторите на студијата пишуваат: „Овој клучен образец е поврзан со развој на близок однос меѓу партнери и претставува одржливо, ескалирачко, реципрочно, лично отворање". Да се биде ранлив заедно со друга личност може да биде многу тешко и токму на тоа се фокусира оваа вежба.

Последната вежба што ја пробале Катрон и нејзиниот пријател - гледање во очи во траење од четири минути - е недоволно документирана со сугерираното времетраење од две минути до четири. Но, Катрон е недвосмислена во нејзината препорака: „Две минути е доволно за да се преплашите. Четири минути навистина можат да ве одведат некаде“, вели таа.

Еве ги прашањата што треба да си ги поставите како предуслов меѓусебно да се вљубите:

 

Прв сет

1. Кога би можеле да изберете кого било во светот, кој би сакале да ви биде гостин на вечера?

2. Дали сакате гостинот да биде славен или познат? Заради што да биде познат?

3. Пред да телефонирате, дали вежбате што ќе кажете? Зошто?

4. Што претставува „совршен" ден за вас?

5. Кога последен пат сте си пееле за себе? А за некој друг?

6. Кога би можеле да живеете 90 години и да го задржите умот или телото на 30-годишник, во последните 60 години од вашиот живот што би сакале?

7. Дали имате тајно претчувство за тоа како ќе умрете?

8. Наведете три работи кои вам и на вашиот партнер ви се заеднички.

9. За што во животот се чувствувате најблагодарни?

10. Ако би можеле да промените нешто во начинот на кој сте пораснале, што би било тоа?

11. За четири минути раскажете му ја на партнерот вашата животна приказна со колку што е можно повеќе детали.

12. Ако од утре би можеле да добиете некој нов квалитет или способност, што би било тоа?

Втор сет

13. Ако е можно кристална топка да ви ја каже вистината за вас, вашиот живот, за иднината или нешто друго, што би сакале да знаете?

14. Дали има нешто што долго време сте сонувале да го направите? Зошто не сте го направиле тоа?

15. Што е најголемото остварување во вашиот живот?

16. Што ви е најважно во пријателството?

17. Кое е вашето најсреќно сеќавање?

18. Кое е вашето најстрашно сеќавање?

19. Ако знаеш дека за една година ќе умреш, би променил ли нешто во начинот на кој сега живееш? Зошто?

20. Што ти значи пријателството?

21. Каква улога играат љубовта и привлечноста во твојот живот?

22. Меѓусебно споделете пет позитивни особини што мислите дека ги поседува вашиот партнер.

23. Колку сте блиски со вашето семејство? Дали сметате дека вашето детство е посреќно од детството на повеќето други луѓе?

24. Што чувствуваш во врска со твојот однос со мајка ти?

 

Трет сет

25. Двајцата кажете по три вистинити изјави што ќе го содржат зборот „ние“. На пример, „Двајцата во собава чувствуваме..."

26. Заврши ја реченицата: „Би сакал/а да имам некој со кого би можел/а да го споделам ..."

27. Ако треба да станете близок пријател со некого, ве молиме да споделите што ќе биде важно тој/таа да знае.

28. Кажи му на партнерот што најмногу сакаш кај него; биди искрен, кажи работи што не би можел да му ги кажеш на некој што си го запознал неодамна.

29. Споделете со партнерот еден непријатен момент во вашиот живот.

30. Кога последен пат плачеше пред друга личност? Кога последен пат плачеше насамо?

31. Кажете му на партнерот нешто што на прв поглед ви се допаѓа кај него.

32. Што - ако воопшто има такво нешто - е премногу сериозно за да не се шегуваш со тоа?

33. Ако би умрел/а вечерва, без можност да комуницираш со никого, за што најмногу би жалел/а што не сте му кажале на некого? Зошто уште не сте го кажале тоа?

34. Ако вашата куќа и сè што поседувате ја зафати пожар, кој предмет и зошто него прво ќе го спасите, откако сте ги спасиле најблиските и миленичињата?

35. Од сите луѓе во твоето семејство, чија смрт ќе ти биде највознемирувачка? Зошто?

36. Споделете личен проблем и побарајте совет од партнерот за тоа како тој/таа може да се справи со тоа. Исто така, замолете го вашиот партнер да ви каже како се чувствува во врска со проблемот што сте го му го понудиле за справување.


Слики: Marion Fayolle
Извор:
The New York Times

ОкоБоли главаВицФото