Нацртајте го ефикасниот шеф (Се разбира дека не е жена)

15.06.2018 00:17
Нацртајте го ефикасниот шеф (Се разбира дека не е жена)

Ако замолите група луѓе да нацртаат „ефикасен лидер“, повеќето од нив, вклучувајќи ги и жените, ќе нацртаат маж.

Ова го открила д-р Тина Кифер, професор по организациско однесување на Универзитетот Ворвик, кога во 2005 година организирала повеќе работилници наменети за извршни директори и други припадници на врвниот менаџмент.

Оттогаш нејзините вежби ги усвоиле сите организациони психолози ширум светот.

„Дури и кога цртежите се родово неутрални, мнозинството во групите користи јазик кој јасно укажува дека се работи за маж“, вели Кифер.

Неколку истражувачи одлучија повеќе да се позанимаваат со ова прашање. Нивните истраѓување се објавени во „Журналот на акадамијата за менаџмент“, а резултат на нивното истражување е дека на жените им е многу потешко отколку на мажите да се наметнат како лидери во работата.

Во еден експеримент, учесниците требало да ги викнат на состанок тимовите што се занимаваат со месечната продажба во некоја фиктивна компанија и на тој состанок требало да им се обрати шефот на тимот Ерик или Ерика.

Подоцна требале да го оценат степенот на лидерство, влијанието врз тимот и способноста за менаџирање што хипотетичките Ерик или Ерика го покажале за кратко време.
Мажите што имале идеи за промени почесто биле идентифкувани како лидери, но жените со истите тие идеи не добиле шанса.

Во друг експеримент, стручњаците побарале од учесниците во натпревар на американската воена академија да пополнат прашалници, пред, за време и по натпреварот.
По натпреварот кога учесниците ги рангирале личностите кои би сакале да влезат во тимот на лидери, гласови добиле само мажи кои имале некакви идеи.

„Жените не добија никакаков статус заради тоа што кажаа што мислат“, наведува еден од авторите, Кајл Емих. „И многу поретко ги гледаат како лидери“, додава.

Негативниот одговор на идеите што ги даваат жените е документиран и во други студии. „Претпоставив дека некој ќе дојдедотој заклучок“, вели д-р Елизабет Меклин, професорка на Универзитетот Аризона и автор на студии.
Научниците веруваат дека резултатите од овие експерименти имаат врска со цртежите на лидери. „Лужето во главата имаа прототипови за тоа како треба да изгледаат лидерите“, вели Меклин. „Кога ќе ја видиме личноста, се прашуваме дали се вклопува во сликата за лидер“, додава таа.

Кога ќе ја процесуираме информацијата низ призмата на стереотипот, нашата интерпретација е во согласност со стереотипните ставови а не со објективната реалност, тврди Ниланџана Дасгупта, професорка по психологија и наука за мозокот на Универзитетот Масечусетс во Амхерст. Кога луѓето се константно изложени на лидери што се вклопуваат во еден профил, многу побрзо ќе ги забележуваат лидерите што одговараат на тој профил. Така функционира „кругот на пристрасност“.

Како да се надмине овој проблем? Еден од сигурните начини како да се убедат луѓето да ги препознаваат жените како лидери е да гледаат што поголем број жени на лидерски позиции.

Извор: The New York Times

 

ОкоБоли главаВицФото