Зошто не можеме да им веруваме на своите спомени?

05.07.2019 00:47
Зошто не можеме да им веруваме на своите спомени?

Луѓето главно немаат волја да вложат време и труд во проверка на точноста на своите сеќавања, а вашето памтење веројатно не е толку добро колку што мислите.

Ние се потпираме на нашите сеќавања не само заради споделување приказни со пријателите или за да учиме од нашите претходни искуства, туку и за клучни нешта како што е создавањето чувство за личен идентитет.

Сепак, доказите покажуваат дека нашето памтење не е толку доследно колку што би сакале да веруваме. Што е уште полошо, често ние сме виновни за промената на фактите и додавањето лажни детали во нашите спомени, а тоа не го ни сфаќаме.

За да разберете како функционира памтењето разлислете за „глувите телефони“, играта во која една личност ѝ шепнува порака на личноста до неа, која тоа го проследува до онаа до неа и така до последната личност.

Секогаш кога ќе се пренесе пораката може да се случи човекот погрешно да ја слушне или погрешно да ја сфати, па неминовно ќе ја измени содржината. Со текот на времето пораката може многу да се разликува од оригиналот.

Истото може да им се случи и на нашите спомени.

Постојат безброј причини заради кои мали грешки или украси можат да се случат секогаш кога ќе се присетиме на минатите настани, од она за што веруваме дека е вистинито или што е вистина, до она што ни го кажал некој друг за настанот, или она како ние замислуваме дека треба да размислува некоја личност. И кога и да се случи тоа, има долгорочни ефекти на тоа како ќе се сетиме на тој спомен во иднина.

На пример, раскажувањето, кога своите спомени им ги опишуваме на други луѓе, користиме уметничка дозвола приказната да ја раскажеме поинаку, зависно од тоа кој слуша. Можеме да се запрашаме дали е од витално значење фактите да се исправат или само сакаме слушателот да се насмее. И можеме да ги промениме деталите од приказната во зависност од ставовите на слушателот или неговата политичка ориентација.

Едно истражување покажува дека, кога поинаку ќе ја опишеме нашата меморија на различни публики, тоа не е само порака која се менува, понекогаш тоа е и самата меморија. Ова е познато како „ефект на прилагодување на слушателот“.

Во една студија за ефектот на прилагодување на публиката, учесниците гледале видео-снимка со физичка пресметка во бар. Двајца алкохолизирани мажи физички се пресметуваат откако едниот маж се препира со својот пријател, а другиот гледа дека неговиот фудбалски тим губи на натпреварот.

Учесниците се поделени во две групи. На едната ѝ е кажано дека на странецот не му се допаѓал еден од двајцата мажи на видео-снимката. На другата група ѝ кажале дека на странецот му се допаѓа истиот човек. Не е изненадувачки што двете дополнителни информации го обликувале начинот на кој луѓето му ја опишувале видео-снимката на некој непознат. Учесниците дале повеќе негативни одговори за однесувањето на борецот ако верувале дека не му се допаѓа на странецот.

Она што е уште поважно е тоа што начинот на кој луѓето подоцна ја раскажале својата приказна, влијаело на нивното сеќавање на однесувањето на мажот од тепачката. Кога учесниците подоцна се обиделе да се сетат на борбата на неутрален, непристрасен начин, двете групи и натаму давале донекаде различни мислења за тоа што се случило, рефлектирајќи го ставот на нивната изворна публика. Во извесна мера, приказните на овие учесници станале нивни сеќавања.

Таквите резултати ни покажуваат дека нашите сеќавања можат да се менуваат спонтано со текот на времето, како резултат на тоа како, кога и зошто им пристапуваме. Впрочем, понекогаш едноставниот тест на меморијата може да биде токму она што ја прави подложна на промени. Ова е познато како „сугестивност подобрена со дофат“.

Во типичната студија за овој ефект, учесниците гледале краток филм, а потоа неколку дена подоцна направиле тест на меморијата.

Во текот на денот помеѓу гледањето на филмот и завршниот тест се случиле уште две нешта. Прво, половината учесници го поминале тестот на меморијата во практика. Второ, сите учесници добиле опис на филмот за читање, кој содржел некои лажни детали. Целта на овие студии била да се види колку лажни детали на крајот ќе се репродуцираат во завршниот тест на памтењето.

Стотици студии веќе покажуваат дека луѓето, како во споменатиот случај, несвесно ќе додадат детали во своите сеќавања. Но, овие студии откриле нешто уште пофасцинантно. Учесниците кои го поминале тестот на меморијата како вежба непосредно пред читањето на лажните информации, поверојатно е дека оваа лажна информација ќе ја репродуцираат во завршниот тест на меморијата.

Една теорија смета дека тестирањето на нашите спомени на минати настани може тие сеќавања да ги направи привремено правилни. Со други зборови, пронаоѓањето на меморијата може да биде како извлекување сладолед од замрзнувач и оставање на директно сонце одредено време. До моментот кога нашето сеќавање ќе се врати во замрзнувачот, тоа природно би можело да стане малку изобличено, особено ако немој во меѓувреме се заплеткал во него.

Ова може многу да нѐ научи за тоа како се формираат и потхрануваат нашите сеќавања. И би можеле да нѐ наведат да се запрашаме колку нашите најскапи спомени се промениле од првиот пат кога сме ги запамтиле.

Истражувањата покажуваат дека луѓето главно немаат волја да вложат време и труд за да ја проверат точноста на своите сеќавања.

Но, без разлика дали некогаш сте откриле некои мали или големи промени кои се случиле, малку е веројатно дека вашата драгоцена меморија е 100 проценти точна. Сепак, сеќавањето е чин на раскажување. И нашите сеќавања секогаш се веродостојни колку и најновата приказна која сме си ја раскажале самите на себеси.

Слики: Mike Creighton

Извор: https://www.independent.co.uk

ОкоБоли главаВицФото