Протест против изградба на хидро-електрани во националниот парк Маврово

14.02.2014 10:16
Протест против изградба на хидро-електрани во националниот парк Маврово

На 15 февруари (сабота) во 12:00 часот пред Тетовскиот Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје, односно пред поранешниот ТЦ Мост ќе се одржи протест против изградбата на хидро-електрани во Националниот Парк Маврово.

Од Друштвото на Дебраните „ОДА ДИБРАНЕ“ соопштуваат дека протестот ќе има еколошки карактер и е против намерата на институциите за изградба на две хидро-електрани во појасот на Национален Парк Маврово.

Според организаторите, доколку се реализираат ваквите најави за градење во националниот парк, тие може да имаат негативно влијание врз целокупниот био-диверзитет на овој парк, како и значително негативно влијание врз реката Радика и Дебарското езеро.

„Секој кој што има и најмало чувство за зачувување на убавините на Радика, кои се меѓу најубавите и најчистите во Европа, е поканет и треба да нè поддржи во сабота“, велат од Друштвото на Дебраните „ОДА ДИБРАНЕ“.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото