1028 hPa
63 %
14 °C
Скопје - Нед, 03.11.2024 15:59
GoGreen ги повикува сите граѓани на Скопје да дојдат на 01.02.2015 во 12:00 во Паркот на Новинарите (спроти Нова Македонија) каде е збирното место и почетокот на рутата на маршот против загадувањето на воздухот! Крајот на рутата е кружниот тек кај Католичка црква т.е. кај АМСМ. Облечете се во темни бои, како и смогот кој нè` гуши, земете со себе транспаренти со пораки за почист воздух и секако (гас)маска.
Дојде време да мораме да маршираме за да го имаме она што на сите бесплатно ни следува. Нека овој марш биде што помасовен за да го привлече вниманието на надлежните органи, а до тогаш ние ќе маршираме прашувајќи КОЈ Е КРИВ ШТО ГРАДОТ НИ Е СИВ?
Скопје може да се „пофали“ за освоено прво место - прво место за најзагаден европски град. Секојдневно сме сведоци на сè позагадениот воздух. Од ден на ден, нивото на ПМ10 честичките расте сè повеќе и повеќе, обојувајќи го градот во сиво. Секои 10µg/m3 ПМ10 честички го зголемуваат ризикот за рак на бели дробови за дури 22% , а во Скопје нивото на овие честички достигна дури и до 700µg/m3 . Дозволеното ниво на овие честички изнесува максимум 50µg/m3. Секоја година се соочуваме со истиот проблем. Бараме конкретни мерки за спречување на загадувањето. Неотворањето прозорец и седењето дома не се решение за загадениот воздух. Кој е крив што дишеме смог? Кој е крив за полните болници? Кој е крив што градот ни е сив?