1032 hPa
38 %

12 °C
Скопје - Саб, 08.02.2025 13:59
Граѓаните на Аеродром, Лисиче, Карпош, Центар, Чаир, Гази Баба, на град Скопје воопшто, ќе се соберат на протест со цел да го изразат својот револт од алармантното аерозагадување.
Настанот е закажан за недела, 20.12.2015 година, во 12 часот на пладне, пред просториите на Град Скопје (Градски парк).
Ко-организатори на собирот се неформалните (grassroots) граѓански иницијативи „Skopje Smog Alarm“ и „Заедно за заштита на зеленилото во Карпош“, со поддршка на мноштво граѓански организации и иницијативи. Официјалниот постер за најавениот постер е #НеСеДише, со цел да се зголеми свесноста кај граѓаните околу опасноста од аерозагадувањето.
Статистиките за ризиците и последиците од аерозагадувањето во Македонија се поразителни:
1. Годишно во Македонија се губат околу 1.350 животи (скоро четири животи дневно) и се губат илјадници продуктивни денови како резултат на загадувањето на воздухот со ситни честички. (извор: Светска банка)
2. Во 2014 година, бројот на дозволени надминувања на дневната гранична вредност на ПМ10 честички е надминат во сите мерни единици во републиката, освен Лазарополе. (извор: Министерство за животна средина и просторно планирање)
3. Скопски „шампиони“ според аерозагадување за 2014 година се: Лисиче (Аеродром) со над 200 денови надмината среднодневна гранична вредност на загадување со ПМ10 честички, потоа Центар со преку 150 денови, Карпош со над 130 денови, и Гази Баба со над 120 денови. (извор: Министерство за животна средина и просторно планирање)
На собирот ќе се обратат еко-активисти, претставници од граѓански организации кои делуваат на полето на животна средина и влијателни јавни личности.
Поддржано од: Центар за истражување и информирање „Еко-свест“; Младинска организација „Go Green“; Здружение на граѓани “За нас се работи“; Граѓанска иницијатива „Ќе дишеме или ќе издишеме“; Здружение за култура и уметност; Факултет за работи што не се учат - ФРУ; АКТО фестивал за современа уметност; Здружение Плоштад Слобода; Граѓанска инцијатива Го сакам ГТЦ; Граѓанска акција "Заслужуваме подобро!".