Кочница на револуцијата (интервју со украинскиот опозициски водач Олександр Данилиук)

21.02.2014 10:23
Кочница на револуцијата (интервју со украинскиот опозициски водам Олександр Данилиук)

Ја напуштивте Украина поради страв за личната безбедност. Кој ви се закануваше?

Тајната служба и Министерството за внатрешни работи ме следеа едно време. Постоеше опасност да ме уапсат и да ме затворат во некоја самица или гаража.

Вашата организација „Заедничка работа“ и опозицијата и власта ја обвинуваат за заземање на три министерства. Зошто опозицијата е толку незадоволна од вашата организација?

Она што ние го правиме е најефикасен и најмалку насилен пат кон пронаоѓање решение. Водачите на опозицијата во моментов не го претставуваат ниту Мајдан ниту своите гласачи. Во најдобар случај, тие се неспособни за конкретни преговори, а во најлош се марионети на претседателот Јанукович или Кремљ. Водачите на опозицијата дозволија луѓето два месеци да се смрзнувааат, а потоа се обидоа да ги преземат заслугите за она што се случуваше. Затоа опозицијата во моментов е кочница на револуцијата.

Дали водачите на опозицијата Олех Тјахнибок, Арсениј Јацењук и Виталиј Кличко, соработуваат со Јанукович?

Да. Тие се негови советници кои му објаснуваат како да ги растера демонстрантите од Мајдан. Веќе имаше обид да се направи тоа. На пример, законот за амнестија, кога Јанукович вети дека ќе ги пушти сите политички затвореници под услов сѐ да остане по старо. Имавме и предлог Јацењук да стане премиер.

Тогаш, кој го контролира Мајдан? Движењето „Десен сектор“?

Мајдан не може да се контролира. Демонстрантите ќе им припаѓаат на „Десен сектор“, „Заедничка работа“ и останатите, сѐ додека она што овие организации го застапуваат е во согласност со нивните лични ставови. Секоја организација која ќе се оддалечи од демонстрантите ќе го изгуби авторитетот, како што е тоа сега случај со тројката од опозицијата.

Го обвинивте Јанукович дека го поддржува Кремљ. Дали видовте руски специјалци во Киев?

Специјалните единици се маскирани и не зборуваат со нас. Затоа е тешко да се препознае акцентот и дали станува збор за Руси. Меѓутоа, моите пријатели кои работат во Министерството за внатрешни работи, ги потврдија овие информации. Во многу водечки одделенија постојат бројни припадници на руските тајни служби. Голем број украински полицајци радо би ги напушлите работните места, но им се закануваат на нивните семејства.

Што ќе се случи сега?

Револуцијата повеќе не може да се запре. Многу украински политичари ќе мораат да ги напуштат своите удобни фотелји. Владата верува дека луѓето се уморни и дека Мајдан наскоро ќе се испразни. Баш напротив. Народот веќе поднесе големи жртви за сега да се задоволи со мала победа.

Извор: TAZ

ОкоБоли главаВицФото