Коцката во Египет уште не паднала

03.02.2011 16:01
Коцката во Египет уште не паднала

Сметам дека во арапскиот свет нема автократија. Претседателот Хосни Мубарак не е автократ. Автократ на нашки се нарекува самодржец. Оние луѓе, кои медиумите во одредени периоди ги нарекуваат автократи, ниту владејат сами (Мубарак, на пример, нема потпора само во војската и безбедносниот апарат, туку има и прилично широка поддршка меѓу деловните луѓе), ниту сами се одржуваат на власт. На власт ги држиме ние. Тоа се наши луѓе. Без нас одамна би биле отстранети. Без нашата воена и развојна помош и без нашата политичка поддршка и безбедносна експертиза тие порано или подоцна би паднале.

Нивната власт често можеме да ја означиме како тиранија или дикатура. Проблемот со тиранијата е во тоа што во јазикот на нашата политичка традиција таа означува владетел кому му е дозволено да убие. Кога почнаа, односно почнавме да го нарекуваме Садам Хусеин, кој стана малку премногу автократ, тиранин, му беше испишана смртната казна. Нашите „автократи“ не се тирани, бидејќи ние ги одржуваме во живот. Затоа можеби најсоодветен назив за тоа е диктатурата. Диктатура имаме кога самиот владетел го претставува законот. Ако државата има закони, тогаш се суспендирани извонредните прилики. Така е, на пример, во Египет. Ако сè се одвива среќно, тогаш тие диктатури имаат демократски облик. Демократијата, која во класичната политичка литература претставува облик на владеење, станува облик на дикатура.

Демократската форма на диктатурата веројатно е позначајна за нас отколку за диктаторите кои ги поддржуваме. Она што ние го очекуваме од нив е многу прозаично: ги чуваме за да ја гарантираат слободата и безбедноста на нашите вложувања, значи, или на нивна сметка (односно на сметка на народот кој им е потчинет) или со помош на нив да го збогатиме пристапот до природните богатства кои ги сметаме за витални за репродукција на нашиот начин на живот и, помалку значајно ама не и занемарливо, за непречена туристичка консумпција на нивните материјални и духовни култури и природно наследство. Таа содржина може да се замота во разни политички нарации од кои во наше време најмногу ја сакаме демократската. Така си ја чистиме совеста, ако ја имаме, и го побудуваме или зачувуваме сопственото добро чувство.

Демократијата претставува автентичен облик кој го втиснуваме во светот надвор од нашиот сопствен свет, за гарантирање на нашите интереси и уживања, сè додека од него е исклучен народот. Кога станува збор за Блискиот исток, како целиот наш политички поредок, кој е изграден на исклучувањето на народот, го покажа бунтот во Тунис и сега демонстрациите во Египет? Нашата западна политика целосно е изгубена. Нашите политичари не знаат кому да се обратат и да кажат нешто. Се разоткри целиот сакат идиотизам на т.н. војна против тероризмот. Нашиот светски поредок го потпревме на борбата против егзистенцијалниот непријател кој сами го исконструиравме и во таа борба канализиравме огромно внимание и делување, и уште повеќе средства. Кај домашното мнозинство тоа делуваше одлично, кај координацијата со сојузниците од прв ред тоа беше добра конвертибилна валута, а кај делата со сојузниците од втор ред, со режимите од геостратешките значајни региони, делотворна рачка за досегање на нашите (имагинарни) цели, рачка која на локалните диктатори воедно им даде лиценца за задушување на домашната опозиција. Нашиот свет навистина го заштитивме од тој непријател, од исламскиот фундаментализам – најверојатно зашто тој непријател, доколку беше реален, ни приближно не беше толку опасен како што сакавме да веруваме. Нашиот светски поредок успешно го заштитивме пред заканата која – барем таква каква си ја замислувавме – воопшто не постоеше. (За што служеше и служи сета таа мобилизација е друго прашање.)

Во нашата „војна против тероризмот“ упорно повторувавме дека го сакаме народот кој живее во сенка на екстремистичкиот ислам од Мароко до Авганистан и дека во суштина сме дојдени да му помогнеме. Спротивноста на која градевме беше спротивноста меѓу муслимснаскиот народ и терористичкиот исламски екстремист. Нека нема забуна: „народната“ верност навистина на многу места се наоѓа во созвучјето со чисто исламистичките интерпретации; а дел од народот е од странска вера и, колку и да ни е тешко да поверуваме, безверен. Но ние на сметка на таа конструкција успеавме да ја превидиме или потиснеме во позадина безначајноста на спротивноста меѓу народот и режимот кој го поддржуваме. Се застрелавме во нашето идеолошко демократско колено. И кога се случи народот во Тунис, па и на други места во северна Африка и понатаму кон исток, сега не сме во чекор со настаните.

Во Тунис настаните целосно ни се извлекоа од надзор и не ни останува ништо освен да се ставиме на страната на моменталните победници. Со Египет, барем засега, е поинаку. Претседателот Обама во својот голем говор кон нацијата оваа недела, по првиот ден од големите демонстрации во Каиро и на другите места во Египет, изјави дека САД „стојат зад народот на Тунис“, но Египет или египетскиот народ не ги спомена. Неговата министерка за надворешни работи го нарече режимот на Мубарак „стабилен“ и изјави дека „Каиро се обидува да најде одговор за барањата на демонстрантите. Еден ден подоцна го преколнуваше тоа „Каиро“ да не ги забрани мирољубивите протести и да не ги блокира комуникациите на „друштвените медиуми“. Главниот политички стратег на американското министерство за надворешни работи објасни дека „ние не го поддржуваме народот, а притоа да не разговараме со неговите влади“. Најмалку што можеме да кажеме за настаните во Египет е дека коцката сè уште не паднала.

Исклученоста на народот од нашиот демократски светски поредок веројатно никаде на Блискиот исток не се покажува во толку чист облик како кај Палестинците. Таму народот е исклучен од државата која сè уште ја нема, бидејќи привидот на државата може да се одржи во живот само ако народот е исклучен. Исклучена е дури и владата која народот ја избрал на демократски избори. Претседателот на државата која не постои е соговорник на нашите државници (и деловни луѓе). Нема војска, затоа разговара со оние што ја имаат. За тој мир ја нуди територијата на својот народ. Уште полошо, со државата која брутално го колонизира неговиот народ се советуваше за воениот напад врз него. Разговараше за нападот на туѓата војска на својот народ. Тоа беше оној израелски напад на Газа кој почна последните празнични денови на 2008 г. Кога помина убивањето, тој наш претседател го блокираше поднесувањето на резултатите од истрагата за злосторствата сторени над неговиот народ, во Советот за безбедност на ОН.

Тоа е дипломатијата која нашите политичари сакаат да ја сокријат пред нас. Дали ќе живееме доволно долго за по некоја неавторизирана објава да можеме да прочитаме за што нашите демократи деновиве во дипломатска тајност разговараат со арапските „автократи“?

Извор: dnevnik.slo

ОкоБоли главаВицФото