
Ова е Шарка, мирно малско кутре кое денес е пронајдено мртво, со заврзана муцка и отворени очи кои последно што виделе се нејзините убијци, соопшти Здружението Анима Мунди.
Убиеното куче го пронашла минувачка во реонот кај улиците Стојко Јовановски и Пере Тошев, која веднаш го пријавила убиството во полициската станица Бит-пазар.
„Анима Мунди бара итна и темелна истрага за случајот, анализа на трагите - отпечатоците кои мора да ги има на нив, да се открие и затворски да се казни овој убиец, садист и монструм, кој е опасен за животните, но со сигурност опасен и за луѓето. Оној кој го сторил ова не заслужува ни ден слобода! Апелираме до институциите да ги активираат сите механизми за да се дознае кој или кои лица се сторители, а граѓаните ги повикуваме да нѐ информираат и да помогнат во истрагата доколку знаат или виделе што било“, повикаа од Анима Мунди.
Извор: plusinfo.mk