„Опасни момци“ им се закануваат на мачителите на животни

06.02.2017 03:22
„Опасни момци“ им се закануваат на мачителите на животни

„Не ги чепкај животните, ќе те најдеме“, гласи слоганот на белградското здружение „Левијатан“, движење кое за себе тврди дека се грижи за напуштените и злоставувани животни. Групата истетовирани момци сокриени зад фантомки, позираат во маици со логото на здружението и им порачуваат на мачителите на животни дека „нема да си поминат добро“ ако ги најдат.

Неколку истетовирани и мускулести момци со фантомки позираат на една од сликите на ова движење, за која е означено дека е направена оваа година. Сите се во црни маици со лого на „Левијатан“, на кое има цртеж од мечкина шепа.

Овие момци на својата Фејсбук страница тврдат дека се грижат за животните од улица но и за оние кои се злоставувани, што го поткрепуваат со бројни слики и видео снимки.

„Ова е Јованка. Веројатно е мешавина од стаф и дога, бидејќи има 3-4 месеци а тежи околу 15 килограми. Ја спасивме Јованка од ѓубриште кај Чукарица. Јованка бара дом, па помогнете ни и споделете ја оваа убавина“, пишува под сликата од куче на една од нивните објави на 26 јануари.

Групата би изгледала како уште едно здружение за заштита на животни, ако членовите не се закануваа со насилство и ако не објавуваа заканувачки пораки: „Не ги чепкај животните, ќе те најдеме“ и „Некогаш сееше страв, сега стравот дојде по тебе“.

Водач на групата е извесен Павле Бихали. Во една од видео пораките, тој зборува за „воспитување“ на децата:

„Едно се деца од 3-4 години, а друго магариња од 13-14. Кога ќе видите дека некој удира, шутира мачка, ѝ става петарда во газот, врзете му шлаканица. Ако не се воспитани од мали да ги сакаат животните, тогаш ќе ги малтретираат“, одговара Бихали на прашањето на извесна госпоѓа која се прашува „што да правите кога ќе видите дете кое малтретира животно на улица“.

Извор: Blic

ОкоБоли главаВицФото