Извонредниот трејлер за „Граѓанинот Кејн“

04.04.2014 10:37
Извонредниот трејлер за „Граѓанинот Кејн“

Низ годините, филмскиот трејлер еволуирал од долга здодевна реклама за филмот што следува во визуелно примамливо парче што некогаш дури и го засенува филмот што го реклармира.

Не треба да нѐ изненадува тоа што еден од првите режисери што ги зграпчува можностите на трејлерот е еден од најзначајните кинематографски иноватори - Орсон Велс. Трејлерот за филмот „Граѓанинот Кејн“, во кој всушност не се користат парчиња од филмот - е вистински раритет. Наместо монтажа на сцени од филмот, во трејлерот долг четири минути се користат делови снимени зад сцената и кратки „вињети“ на ликовите кои реагираат на мистериозниот главен лик.

Критичарот и актер Сајмон Калоу расправа за трејлерот во неговата книга „Orson Welles: The Road to Xanadu “. Според него, трејлерот за „Граѓанинот Кејн“е естетски исто толку силен како и филмот - снимен со препознатливото режисерско око на Велс, со длабок фокус и експресионистичко светло.

Подолу може да ја погледнете најавата на овој култен филм.

Извор: openculture.com