1007 hPa
93 %
7 °C
Скопје - Саб, 27.04.2024 03:59
Новиот онлајн филмски фестивал (ОФФ), кој го иницира белградската дистрибутерска куќа „MCF MegaCom Film“ бесплатно нуди повеќе од 60 играни и документарни филмови од светски познати режисери. Тој започна на 27 март и ќе трае до 10 април. Меѓу филмовите се остварувањата на Роман Полански, браќата Дарден, Павел Лунгин, Такаши Мике, Фатих Акин и Атом Егојан, а покрај изборот на класици од Кшиштоф Кјешловски, Дејвид Линч и Фредерико Фелини, има и посебна програма за деца.
Филмовите може да се гледаат на страницата mojoff.net.
Целодневната фестивалска програма, поделена на пет дела (Великани на филмот, Видено невидено, Документарни моменти, Семејни авантури и детска програма), ја опфаќа најновите филмски играни и документарни наслови за возрасни и за деца.