Борба - втор дел

15.04.2014 21:35
Борба - втор дел

Опозицијата, поточно СДСМ, оцени дека резултатите од првиот круг на претседателските избори не ја изразуваат волјата на народот, ја обвини власта за кражба и најави: борбата продолжува во вториот круг. Да потсетиме дека тогаш, по две недели, истовремено ќе се гласа и за пратеници. Дали разликата од 120.000 гласа значи дека на двата фронта ќе води однапред изгубена битка? (Како се доживуваат изборите, најдобро може да се види од тоа што најдобро може да се опишат со воени фрази и изрази.)

Кога сме веќе кај борбата, може да се потсетиме и на кинескиот војсководец и теоретичар Сун-цу, кој во своето познато дело „Умешноста на војувањето“ вели: Ако не се познавате себеси и не го познавате непријателот, сосема сигурно ја губите битката. Ако се познавате себеси, а не го познавате непријателот, имате 50 отсто шанси. Но, ако се познавате себеси и го познавате својот непријател, тогаш сигурно ја добивате битката“.

Впечаток е дека СДСМ многу подобро го познава непријателот, неговите стратегии и тактики, отколку што се познавала себеси, или што била спремна да ја прифати реалната слика за себе. Кога претпоставената надмоќ „непријателот“ ќе ја потврди во бројки, кога е во предност, а целта е сѐ подалеку, тогаш е тешко да се одржи моралот, мотивацијата, вербата во сопствените можности. Ако е точно дека сѐ додека трае, додека се води, сѐ дотогаш борбата не е изгубена, тогаш партијата нема право само на едно: да развее бело знаме.

Извор: Слободен печат
Слика: Свирачиња

ОкоБоли главаВицФото