1022 hPa
81 %
8 °C
Скопје - Сре, 11.12.2024 16:59
Модната дизајнерка Грејс Чао која живее и работи во Сингапур користи листови од цветови кога ги скицира своите парчиња облека. Со овој начин на работа започнала кога едно момче ѝ подарило роза; бидејќи не сакала подарокот целосно да свене и умре, таа го инкорпорирала во една од своите скици на фустани.
Наскоро, 22-годишната дизјнерка започнала да користи цвеќиња во скиците за сите нејзини фустани, од фустани за излегување па сè до венчаници. Од само една роза, Грејс може да скицира дури шест различни фустани.
Повеќедимензионалноста предизвикана од користењето на листовите, овозможува создавање на уникатна вибрантност, а сенките и линиите како дополнително да ја истакнуваат димензијата на човечкото тело. Грејс претпочита да користи цветови кои содржат повеќе сенки и тонови. Од нивниот природен колорит, таа креира прекрасни иновативни принтови и дезени.
Линиите на фустанот и природниот организам на цвеќето зедно ја одредуваат и диктираат структурата на парчето облека, претворајќи се во совршен спој од природа и мода.
Извор: Demilked