Bernays Propaganda имаат албум на годината

11.01.2010 12:06
Бернис пропаганда

1. Bernays Propaganda „Happiness Machines“ (Македонија)

Сјајниот македонски андерграунд бенд критичарите од регионот го прогласија за најголемо изненадување на 2009. Својот деби албум „Happiness Machines“ (во Хрватска, заб. на прев.) го објавија за независната хрватска етикета „Moonlee Records“ која е регистрирана во Словенија. Свират пост панк со нагласени денс ритми и одлични гитарски рифови, на трага на Franz Ferdinand во комбинација со Gang Of Four и LCD Soundsystem, со одличната пејачка Кристина Горовска. Ги издвојува и општествениот ангажман во текстовите и воопшто во активизмот, видлив и во самото име на бендот.

2. Stuttgart Online „Radost svakom domaćinstvu“ (Србија)

Бендот се состои само од басист и тапанар. Белградскиот рок критичар Драган Амброзиќ за нивниот деби албум напиша дека е „совршен придонес во ширењето на жанровските граници на домашната сцена длабоко во 21-от век и клучен придонес кон нејзината самопочит, и дека претставува еден од врвните изрази на овој потсвесен тек во развојот на овдешниот рокенрол кој конечно се открива самиот себе си“. Ѓаволски добар албум.

3. Dreddup „El Conquistador“ (Србија)

Овие новосадски креативци слабо им се познати на широките маси, но исклучително се ценети меѓу публиката која сака индустриски рок и дарк електро звук. На сцената постојат 12 години, зад себе имаат два студиски албума објавени во Велика Британија и Холандија, и уште еден албум „El Conquistador“, трет по ред, објавен 2009 г. во Белград. Зад себе веќе имаат ремикс од Nine Inch Nails, работа со јапонскиот уметник Кенји Сиратори и учество на компилацијата посветена на групата Witness. Најновиот албум доби исклучително позитивни критики.

4. Bei The Fish „Time To Make Things Right“ (Македонија)

Големо име од македонската музичка сцена кое сè уште не го добило своето заслужено место во регионот. Попрво ќе направат кариера ширум Европа отколку што ќе се најдат на регионалните топ листи. Новиот, трет албум по ред, е доказ за нивните квалитети со кои слободно можат да им парираат на бендовите во светот. Заводлив алт поп во фузија со електроника и денс музика со инди елементи.

5. E-Play „Drago mi je da smo se upoznali“ (Србија)

На сцената се веќе десет години, а најновиот албум критичарите го прогласија за нивно најзрело остварување. Двете пејачки, Маја Цветковиќ и Билјана Тодоровски, звучат фантастично, додека музиката ја создава тандемот Дамјан Дашиќ и Марко Миливојевиќ. Албумот е исполнет со набиени хитови во кои нема компромис – искрено ни испорачуваат фантастичен спој на алтернативен поп и фина електронска подлога.

6. Elvis Jackson „Against the Gravity“ (Словенија)

Четврт албум за дваесет години постоење, придружен со солидниот рејтинг низ Европа. Заразни ска ритми, неретко засилени со хеви рифови од кои не би се засрамиле ни најзагрижените металци. Од веселото словенечко друштво се воодушеви и Бил Гулд од Faith No More, кој го продуцираше нивниот нов албум, додека со миксање се зафати Рич Велтроп, познат по својата соработка со System of a Down, RHCP, RATM, Slayer итн.

7. Veliki prezir „Nikadjekraj“ (Србија)

Четврт студиски албум на сјајниот гитарски бенд кој на новиот албум нуди неверојатна доза позитивна енергија, како низ текстовите така и низ музиката која изобилува со питки мелодии и ритми кои едноставно ќе ве купат. Популарната интернет страница popboks.com нивниот четврти студиски албум го прогласи за еден од најдобрите во 2009.

8. Frenkie „Protuotrov“ (БиХ)

Напоредно со Едо Маајка растеше и Frenkie, што заедно можеби го дава најсилниот рап тандем од Балканот, а несомнено од Босна и Херцеговина. Edo Maajka го продуцираше, а Аднан Хамидовиќ, т.е. Frenkie, ги напиша отровните текстови во кои не поштедува никого, и кои доследно се надоврзуваат на неговото учество во активистичкото движење BiH DOSTA. Многу добар албум, полн со врвни битови и уште подобри рими.

9. S.A.R.S. (Sveže amputirana ruka Satrianija) „S.A.R.S.“

Релативно тешко е да се сместат во некоја стилска рамка бидејќи мешаат блуз, рок и балкански рок, заедно со нескриеното влијание од реге музиката. Славата ја стекнаа со регионалниот мегахит „Buđav lebac“. На деби албумот нудат нов примитивизам со цинични анархоидни погледи на општеството. Во фузија со народњаците, но со нагласени рок рифови и хип хоп. Нема сомнеж дека за нив уште долго ќе се зборува. Албумот беше продуциран од познатиот белградски рапер и продуцент Sky Wikler.

10. KillingJazzHardCoreBaby „Track One“ (БиХ)

Групата со необично име доаѓа од Травник. Во 2008 ја освоија првата награда на фестивалот „Nektar demofest“ во Бања Лука, а во 2009 го снимија првиот албум за „Dallas“. Создаваат сосем автентичен музички израз комбинирајќи електроника, рок, фанк и многу други влијанија во сопствениот crossover звук. Адут на бендот е атрактивната пејачка Ивана Брдар, додека голем минус се текстовите на англиски, иако нивниот прв хит „Malo sutra“ на мајчин јазик.

Извор: Novosti.com

Тоа е делот кој сите ние

Тоа е делот кој сите ние никако да го научиме – од новинарите, до оние кои коментираат, спремни да им пресудат на „лекарките“ од хируршка клиника. Ние не сме жртви на несовесни лекари, политичари, бизнисмени, административци итн. Ние сме жртви на самите себе. А себството е свесно само во рамките на „фамилијарната“ педа нива во која себично гувееме, па оттука никако да сфатиме дека заедништвото не се сведува на кафе со пријателите во 12 на пладне, три трач муабети за комшиите и пет пцовки за „глупите Американци и другите западњаци“. Заедништвото побарува поголема индивидуалност и посветеност која резултира со штитење на заедничкото, наспрема личното.Линчувањето на пар несовесни лекарки од хируршка не е ништо помалку индивидуално настроено – напротив, тоа е уште посебично - од лекарското линчување на пациентката која, многу веројатно, поради задоволување на нечиј туѓ „пријателски“ сеир, завршила во нивните раце. Ваквата опседнатост со туѓите грешки и несовесност која притоа ја запоставува сеопштата лична одговорност и етика, е индивидуална себичност која не само што е неморална и неетичка, туку е и општествено криминална.

===============================
ged exam
vcp braindump
cisco ccnp
cissp certification

ОкоБоли главаВицФото