1015 hPa
87 %
9 °C
Скопје - Пет, 26.04.2024 22:59
Скопје, 1 септември 2014
На завчерашниот концерт на Владо Јаневски во Хераклеја, битолчанецот Горан Ѓоргиевски пред многубројната публика ја побарал својата пријателка и колешка Марија Крстевска за жирант.
Откако таа кажала ДА, публиката им честитала со голем аплауз.
Горан ја побарал Марија за жирант за станбен кредит додека Владо Јаневски ја пеел песната „Што и да е ќе помине”.
„Сето ова се случи брзо и многу неочекувано за мене, уште сум во неверица. Но, среќна сум што можам да му помогнам на Горан во неговите планови за убава иднина“, напишала Марија на својот Фејзбук профил.
Извор: brejking.net