Владата и ФФМ ќе делат им делат субвенции на гледачите на репрезентацијата

10.10.2014 15:05
Владата и ФФМ ќе делат им делат субвенции на гледачите на репрезентацијата

Скопје, 10 октомври 2014

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со владата ја презентираше идејата за доделување субвенции на сите гледачи кои во живо ќе ги гледаат натпреварите на македонската фудбалска репрезентација.

„Знаеме дека не е лесно да се гледаат игрите на нашата А селекција, уште помалку во живо. Затоа, сакаме ова да биде поттик за гледачите да не дозволат посетеноста на натпреварите на нашите најдобри фудбалери да падне на нула“, рече селекторот Бошко Ѓуровски.

Тој открива дека првичната идеја била ФФМ да покрие дел од трошоците за билетите, но по темелна анализа се покажало дека ни така гледачите нема да бидат привлечени на стадион.

„Потоа сакавме да воведеме слободен влез на сите натпревари, но сфативме дека и таа мерка ќе има сомнителен исход. Затоа решивме да му платиме одреден паричен надомест на секој гледач што ќе присуствува на натпреварите на македонската фудбалска репрезентација. Зависно од местото и трибината од која ќе го гледа наптреварот, надоместот за гледачот ќе варира од 300 до 700 денари“, објаснува Ѓуровски.

Меѓутоа, добро упатени извори велат дека ни оваа идеја нема да помине мазно. Голем дел од првите потенцијални гледачи на кои им биле понудени субвенции побарале ФФМ да обезбеди и бесплатна помош од психолог или психијатар, за полесно справување со евентуалните душевни болки и последици по менталното здравје предизвикани од гледаниот натпревар.