Казни за репортерите што ќе заспијат на македонски фудбалски натпревар

17.06.2013 08:57
Казни за репортерите што ќе заспијат на македонски фудбалски натпревар

Скопје, 17 јуни 2013

Фудбалската федерација на Македонија најави казни за репортерите и коментаторите кои ќе заспијат на натпревар од македонското фудбалско првенство, а мерката ја поддржа и Асоцијацијата на спортски новинари.

Во своето соопштение ФФМ објаснува дека е недозволиво, а воедно и несфатливо, репортерите да заспиваат на исклучително интересни и квалитетни фудбалски наптревари, какви што несомнено се оние од македонското првенство.

„И за нас играчите оваа одлука е од голема важност. Сите знаеме дека зевањето е заразно, па може да се случи и некој од соиграчите да задреме ако се наоѓа во близина на поспан коментатор“, изјави Дибек Левоногов, фудбалер на ФК „Офсајд“.

Од Асоцијацијата на спортски новинари упатија извинување до сите фудбалери и гледачи поради неодговорното однесување на своите членови, но исто така побараа од ФФМ да ги задолжи клубовите на дерби натпреварите да обезбедат одредена доза кофеин за спортските новинари.

ОкоБоли главаВицФото