Зошто воопшто се одржа натпреварот?

15.10.2014 13:52
Зошто воопшто се одржа натпреварот?

Дуелот на двете репрезентации во квалификациите за Европското првенство 2016 година беше прекинат во 41 минута кога летало кое влечеше знаме на „Голема Албанија“ се најде над стадионот, а потоа следуваше метеж на теренот и општа тепачка. Судијата Мартин Еткинсон ги однесе играчите во соблекувалната, а потоа донесе официјална одлука за прекин на натпреварот.

Од моменот кога жрепката одлучи Србија и Албанија да се најдат во иста група, беше јасно дека натпреварите во Белград и Тирана нема да поминат лесно. Меѓутоа, никој не можеше да претпостави дека ќе дојде до вакви настани какви што беа видени во вторникот вечерта на стадионот на Партизан. Заради тоа е и прашањето зошто Европската фудбалска унија дозволи да постои можност Србија и Албанија воопшто да се најдат во иста група.

Челниците на владејачкото тело на европскиот фудбал сигурно се свесни за проблемите на овие простори, заради повеќегодишните тензии во односите на овие две земји, проблематичниот статус на Косово и честите меѓуетнички конфликти на Балканот. Заради тоа, авторот смета дека заради тоа искуство, барем некој во Европската фудбалска унија мораше да се запраша дали нешто може да тргне наопаку и да реагира за да го спречи тоа.

Меѓутоа, тоа не е првпат да дошло до средба помеѓу две репрезентации чии земји имале слични конфликти. Во квалификациите за Европското првенство во 2008 година во иста група се најдоа Азербејџан и Ерменија, а Европската фудбалска унија не направи ништо. Меѓутоа, челниците на двата Сојузи одлучија да се откажат од двомечот и да останат без бодови.

Азербејџанците тогаш одбија да се сретнат со Ерменија на домашен терен, иако гостите понудија да го платат обезбедувањето на двата меча. Азербејџан тогаш понуди натпреварите да се одиграат на неутрален терен, Ерменија стави вето, а УЕФА одигра со единствената карта што ѝ остана и едноставно ги откажа двата меча.

Изгледаше дека Европската фудбалска унија научи нешто од тоа искуство, па кога двата тима се најдоа во иста група на Европското првенство за играчи до 19 години, Ерменија беше префрлена од групата 4 во групата 9 и немаше никаков проблем.

Интересно, за време на жрепката за квалификациите за Европското првенство во 2016 година, владејачкото тело на европскиот фудбал се погрижи одредени тимови да не бидат во иста група. Така, Шпанија и Гибралтар завршија во иста група, но УЕФА одлучи да ги вмеша прстите и да ги одвои заради повеќедеценискиот територијален конфликт. Зошто тоа не беше направено и во случајот со Србија и Албанија, не е познато.

„Додека можеби на одредени земји им е тешко да ги остават настрана историјата и политиката заради 90 минутен натпревар, подобро е УЕФА да ја стави безбедноста на прво место ако постојат вистински ризици“, тврди „Вашингтон пост“.

Токму на тој начин Европската фудбалска унија требаше да се води во случајот со Србија и Албанија, затоа што навистина постојат големи закани за безбедноста.

„Не е фер кон ниту еден тим, ниту кон навивачите на тие тимови, да се бара од нив да одиграат фер натпревар, кога не им се овозможени фер услови за тоа. Заради тоа, зарем не би било подобро УЕФА да го направеше истото што го направи со Шпанија и Грибралтар“, прашува „Вашингтон пост“.

Извор: Б92, Вашингтон пост

ОкоБоли главаВицФото