1016 hPa
57 %
24 °C
Скопје - Саб, 07.09.2024 21:59
Скопје, 18 февруари 2015
Главниот уредник на Шител, Драган Павловиќ-Латас, најави дека ќе го тужи целиот свет за објавените снимки од прислушуваните разговори кои, според опозицијата, укажуваат на притисоци врз судството.
„Ќе има тужби. Јас ќе тужам, морам да го направам тоа. Ќе го тужам целиот свет и ќе барам отштета. Случајот е чист и би го добил пред кој било суд, зашто јас ги познавам сите судии во светот“, рече Павловиќ-Латас.
Тој на вчерашните вести на Шител, каде што работи како кловн со години, рече дека покрај тоа што ќе го тужи целиот свет, ќе го тужи и СДСМ, но дека нема да бара пари по таа основа. Павловиќ-Латас, како што наведе, смета дека целиот свет е колатерална жртва на амбицијата на Заев да дојде на власт.
Претходно, Заев, во едно телевизиско интервју, зборувајќи за тоа кој сè бил прислушуван, рече дека повеќе од него е прислушуван единствено Латас, коментирајќи дека тоа веројатно значи оти владејачката партија не му верувала на овој шарлатан од телевизиските екрани.
Слика: Свирачиња