Латас, што бидна со барикадите, бе? Да не ги постави у Зелениково пред ранчот?

09.11.2015 14:13
 Латас, што бидна со барикадите, бе? Да не ги постави у Зелениково пред ранчот?

Ало Лаки, што бидна со барикадите, бе? Ебати човекот, комуњарите ви пенетрираат во министерства како црн патлак у плава Американка у добар американски порнич, овие црпнативе, бандава од Бихаќка, го освоија комплексот бели згради под Водно, спроти новите станови на Гоца и кум Ставре, а тебе никаде те нема!

Нели ќе ја бранеше владата со барикади, нели одма замина, уште во петокот, на барикадите?! Што бидна, да не беше ти да го браниш плотот околу ранчот во Зелениково? Или со мечката да не браневте некоја барикада во некоја пештера?

Е Лаки, бее, го остави Грујо со оние скиснати првоборци талибански да црвенее и да се грчи пред блицовите на камерите, да измислува некакви виртуелни победи откако му земаа пола влада и тоа клучно министерство како внатрешни, кое единствено може да апси и да воведува ред и да применува сила во земјава... АРМ е уште во ваши раце, ама тешко дека ќе можете тенковите да ги употребите, кој знае дали има воопшто гориво во нив и дали се подмачкани...

Ништо, Лаки, слабо, капитулиравте како Италијанци у Втора светска, ништо од отпорот. Се надевавте дека ќе ви дозволат да изглумите народ и да се спасите, ама ништо. А и народот не ви реагираше како што планиравте. Ве прочита рајата веќе, прочитани сте како селски буквар...

Слушам дека и тебе Васко Ефтов ти го земал лебот, Сашо Мијалков само нему му се јавувал за совети, затоа што он добро ги знаел комуњарите, демек ги знаел како дишат. Сирот ти, паднавте на дното па моравте да плукате по шефот на кабинет на Заев дека наводно бил педер. Па ако тоа дете е педер, што е оној Виктор Мизо, што е Антонио Милошоски, што е Илче Димовски? Ама ние имаме ниво и не пукаме ниско како вас, сексуалната ориентација е личен избор, иако во случајов само измислувате, клеветите и се надевате дека ќе ве спаси суеверието на народот...

Допрва има да нижете порази, ова е само почеток. Кога ќе почнат да ве апсат наредниве недели и месеци, па кога ќе мора Грујо да си замине од Илинденска ББ по 10 години престој во неа, па кога ќе почнат и да ве редат во анкетна комисија во собрание, па кога ќе запука и МТВ реформирана, кај ли ќе ви биде крајот...

А ќе се откриваат и нови скандали кои Заев немаше време да ги објави, но Катица ќе мора да ја извести јавноста за сите нови афери, грабежи, скандали и национални срамови кои сте ѝ ги приредиле на земјава.

Капитулиравте, Лаки, ова е тежок пораз, мора да ве боли до плачење. Бомбите се спасени, и сегашниве и идниве, Катица го доби тимот, СДСМ влезе во влада со сета моќ која им е на располагање. Ова е нокаут. Го потценивте малото човече од Струмица: ве работи, ве ренда, ве черечи. Конечно наидовте на тврд орев кој ќе ве скрши и сомеле!

Извор: Мактел
Слика: Свирачиња